Browsing: Ждрепка

Во второто полуфинале ќе играат Ѓер и ЧСМ Букурешт. Завршниот турнир во шампионската Лига на ЕХФ во женска конкуренција е закажан на 12 и 13 мај во „Ласло Пап“ арената како што беше случај и во изминатите четири години

Ривали на северниот сосед во групата Е ќе бидат и Швајцарија и Костарика, „коцкестите“, пак, во груупата Д ќе играат и со Исланд и со Нигерија. Светското првенство во Русија ќе биде отворено со натпревар меѓу домашната репрезентација и Саудиска Арабија на 14 јуни на стадионот „Лужники“ во Москва на кој ќе се игра и големото финале на 15 јули

Извлекувањето на групите е закажано за 16 часот. Честа да бидат водители ја добија легендарниот англиски фудбалер Гари Линекер и руската спортска новинарка Марија Команднаја, улогите на асистенти им припаднаа на Никита Симонјан, Лоран Блан, Гордон Бенкс, Фабио Канаваро, Кафу, Диего Марадона, Карлес Пужол и Диего Форлан

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го објави конечниот изглед на четирите шешири за ждрепката за групите за мундијалот во Русија во 2018 година. Формирањето на групите е закажано за 1 декември во Кремљ

Александар Кокорин, репрезентативец на „зборнаја“, го гледа својот Зенит за најголем фаворит во групата Л во која ќе игра и Вардар. Тренерот на Розенборг, пак, со коментар дека групата е отворена и притоа му дава блага предност на Реал Сосиедад чии фудбалери ја опишаа конкуренцијата како комплицирана

Заедно со „старата дама“ и со Каталонците, во групата Д ќе игра и Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски. Франческо Тоти, кој учествуваше во извлекувањето, ја втурна својата Рома на мегдан со Челзи и со Атлетико Мадрид, додека Манчестер јунајтед заврши во групата А со Бенфика, со Базел и со ЦСКА Москва. Сезоната почнува на 12/13 септември, финалето е на 26 мај догодина во Киев

Охриѓани ќе играат со КРАС Волендам од Холандија во Купот на ЕХФ, битолчани против Гранитас од Литванија во машкиот Челинџ куп, а во женското издание на натпреварувањето девојките на Металург против Малага, а кумановки со Лублин

Тетовските „црвено-црните“ би играле со подобриот од двомечот меѓу шведски Норчепинг и Тракаи од Литванија доколу триумфот од 3:1 над Хелсинки биде доволен на реваншот во Финска. Дебармаалци, пак, во случај да го елиминираат Динамо Минск ќе одат на пресметки со Корк Сити или АЕК Ларнака на Даниел Мојсов и Иван Тричковски. Кипраните се поблиску до наредната рунда со оглед на минималната победа со 1:о на гостувањето во Република Ирска