Browsing: Зоран Заев

Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ. Ова е уште една потврда и признание за македонскиот јазик. Ова нека биде и апел да запрат со лагите оние кои со месеци лажеа и велеа дека „сме го изгубиле јазикот“. И да престанат да ни го навредуваат и омаловажуваат нарекувајќи го „северџански“. Ние зборуваме македонски јазик, кој полека станува дел од големото европско семејство, заедно со останатите европски јазици, рече лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција пред македонското Собрание

Лидерот на владеачката партија со предизборно ветување од Штип и за јавни инвестиции во износ од 2,2 милијарди евра и директни приватни инвестиции од 1,2 милијарди евра во новиот мандат на СДСМ. Тоа, како што нагласи, ќе придонесе за намалување на невработеноста на ниво од три отсто на годишно ниво и пад на вкупната стапка на невработеност под двоцифрена граница

Идејата на ДУИ за прв премиер Албанец е популистичка и партијата сама ќе се загуби во неа, истакна лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција. За ВМРО-ДПМНЕ најави пријава за предвремен почеток на изборната кампања