Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нашиот јазик е македонски, да престанат да го навредуваат со „северџански“

0
By Нова ТВ on July 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 2, 2020 17:02

Вчера сведочевме на уште една многу важна, историска, епизода во нашето движење кон членство во
Европската Унија. Европската комисија го утврди предлогот за Преговарачка рамка за преговорите за членство во ЕУ и го достави на разгледување до државите членки. Оваа е уште една потврдува дека чекориме напред по патот што го исцртавме. Северна Македонија оди уште поблиску кон Унијата, македонската интеграција се забрзува, истакна денеска Зоран Заев од говорницата пред Собранието.

Лидерот на СДСМ потсети дека веста доаѓа по цели 19 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација како прв чекор кон интеграцијата на земјава во ЕУ, 15 години од добивањето на кандидатскиот статус за членство, по 11 позитивни препораки за почеток на преговорите и по историската одлука на Европскиот Совет од 26 март оваа година за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ.

„Веќе наредната недела очекуваме да започне дискусијата по рамката за преговори на експертско ниво и во периодот пред нас да биде усвоена од државите членки, со што преговорите и формално ќе може да започнат. Со овој предлог на преговарачката рамка се утврдуваат правилата и принципите по кои ќе се одвиваат преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ. Вчерашниот ден е само силна потврда дека нашата татковина сигурно чекори на европскиот пат, пат кој носи суштински реформи, владеење на правото, економски развој, здрава животна средина, силно земјоделие и шанси за подобар живот на сите македонски граѓани. Ова е процес што ни ја носи Европската унија дома“, порача Заев.

Со отворањето на преговорите, нагласи Заев, почнуваме нова фаза од нашето унапредување, нова фаза од македонската европеизација. Започнува, вели тој, побрзо воведување европски стандарди во сите области, наша интеграција во економскиот и политичкиот систем на Европската унија.

„По членството во НАТО, полека но сигурно го забрзуваме и процесот на интеграција во ЕУ. Двете
стратешки определби ги остваруваме во период од само три години. Тоа е успех на Владата, на институциите предводени од СДСМ, тоа е успех и на сите граѓани кои се определни иднината да ја
градиме во ЕУ. Благодарни сме на историското хрватско претседателство со ЕУ кое ни ја донесе одлуката за почеток на преговорите за членство во март оваа година. Големо задоволство ни е што токму вчера, на првиот ден на германското претседателство со ЕУ е утврдена преговарачката рамка како предлог до државите членки“, порача Заев.

Поранешниот премиер и кандидат за нов мандат на претстојните избори изрази убедување дека со помош на институциите на ЕУ и под водство на германската канцеларка Меркел во текот на германското претседателство, оваа Преговарачка рамка ќе биде усвоена и дека ќе ги започнеме и формално преговорите за членство со прва Меѓувладина конференција отварајќи ги поглавјата од првиот пакет, а тоа се:

Поглавје 23 – Правосудство и темелни права

Поглавје 24 – Правда, слобода безбедност; Економските критериуми; функционирањето на демократските институции; реформата на јавната администрација

Поглавје 5 – Јавни набавки

Поглавје 18 – Статистика

Поглавје 32 – Финансиска контрола

Ова е многу сериозен процес кој може да го води само политичка влада, про-европска Влада,
демократска Влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата
„Можеме“. Докажавме дека знаеме и умееме да ја водиме државата по вистинскиот пат, низ
стабилни и сигурни води, во патека на постојан развој, стабилност и демократија. Влеговме во НАТО! Денеска, докажуваме: Можеме и во ЕУ. Заедно постигнавме многу. И сите знаеме дека заедно ќе постигнеме уште повеќе и уште подобро. Тоа го знаеме, го умееме и го можеме, порача Заев.

По излагањето, тој се осврна и обврската за превод на заедничкото европско законодавство на македонскиот јазик.

„Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ. Тоа го сметаме за нешто нормално, стандардна работа, бидејќи согласно нашата лична карта во Обединетите Нации и согласно нашето право на самоопределување, нашиот јазик е македонски, а ние меѓународната комуникација ја водиме и на македонски јазик. Ова е уште една потврда и признание за македонскиот јазик. Ова нека биде и апел да запрат со лагите оние кои со месеци лажеа и велеа дека „сме го изгубиле јазикот“. И да престанат да ни го навредуваат и омаловажуваат нарекувајќи го „северџански“. Ние зборуваме македонски јазик, кој полека станува дел од големото европско семејство, заедно со останатите европски јазици. Е тоа е патриотизам, тоа е грижа за татковината, за македонскиот идентитет“, заклучи лидерот на СДСМ.

ЕУ Зоран Заев Избори 2020 јазик Македонија Преговарачка рамка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.