Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации, со три исклучоци

0
By Gabi Tocko on December 27, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 27, 2022 20:57

Забраната на Талибанците за жени кои работат во невладини организации во Авганистан не се однесува на вработените во Обединетите нации, меѓународниот женски персонал и жените кои даваат здравствени услуги, пишува ДПА.

Талибанскиот министер за економија Дин Мохамад Ханиф ги истакна исклучоците на состанокот со вршителот на должноста шеф на Мисијата на ОН за помош на Авганистан (УНАМА) Рамиз Алакбаров вчера во Кабул.

Последното ограничување на Талибанците за авганистанските жени да работат во невладини организации, предизвика бес кај западните земји и меѓународните институции, кои се заканија дека ќе ги прекинат активностите во земјата погодена од криза доколку забраната не биде укината. Неколку големи невладини организации веќе ја прекинаа својата работа.

Според документот до кој дојде ДПА, Ханиф изјавил дека главната причина за одлуката е непочитување на талибанските правила и прописи во однос на носењето хиџаб.

Секоја влада има своја рамка и прописи што треба да се почитуваат, вклучувајќи го исламскиот хиџаб и обезбедувањето поволна работна средина за жените, истакнал Ханиф.

Талибанскиот министер, исто така, нагласил дека во текот на годината забележал непочитување на талибанскиот кодекс на облекување и се обидел да го реши проблемот преку дијалог со невладините организации додека прашањето не стигне до повисокото раководство.

Извори од невладини организации велат дека не се оправдани обвинувањата за несоодветно покривање на нивниот женски персонал.

Според една невладина организација во Кабул, која има канцеларии и во други провинции, Талибанците никогаш не влегувале во нивните згради или не ги запирале автомобилите со нивните вработени жени на контролен пункт поради несоодветна облека, а машките талибанци не можеле да влезат во делови од канцеларијата каде што работи женски персонал.

Министерот истакнал дека ќе поддржи изнаоѓање решение и дека му требаат неколку дена да и се обрати на УНАМА со предлог.

Шефот на Канцеларијата на ОН за човекови права, Волкер Турк, предупреди дека забраната на жените да учествуваат во образование и работа во Авганистан може да го дестабилизира општеството и да предизвика „ужасни, каскадни ефекти“ во земјата.

Овие неразбирливи ограничувања за жените и девојчињата не само што ќе го зголемат страдањето на сите Авганистанци, туку, се плашам, претставуваат ризик и надвор од границите на Авганистан, предупреди денеска Турк во Женева, мислејќи на ризикот од нови бранови бегалци.

Авганистан жени забрана НВО работа Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.