Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците со апел до Западот: Не ни ги земајте луѓето со вештини, ескпертите и образованата елита

0
By Sashko on August 24, 2021 СВЕТ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 24, 2021 18:00

Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид на денешната прес-конференција изјави дека „гужвите пред аеродромот во Кабул се проблем за нив“. Тој рече дека „поради хаотичната ситуација“, повеќе нема да дозволат авганистански граѓани да одат на аеродромот во Кабул.

Работиме за да помогнеме, но за жал, Американците сè уште ја продолжуваат својата политика и се обидуваат да ги извлечат Авганистанците од земјата и да ги однесат во неизвесна иднина, рече Муџахид на денешната прес конференција.

Тој ги повика САД да не го „охрабруваат“ авганистанскиот народ, а особено луѓето со вештини и „образованата елита“, да ја напуштат земјата. Исламистичката група посочи дека Американците земаат „авганистански експерти“, како што се инженери, од Авганистан.

Бараме од нив да го прекинат овој процес, рече Муџахид

Тој потенцира дека Авганистанците повеќе не треба да доаѓаат на аеродромот и ги повика оние што се таму да се вратат во нивните домови. Портпаролот тврди дека нивната безбедност ќе биде загарантирана, пренесува Хина.

Муџахедините тврдат дека милитантите „немаат список на луѓе“ за кои планираат одмазда.

Сè оставивме во минатото. Сакаме мир и стабилност во Авганистан и нашата земја да напредува, изјави портпаролот на талибанците.

Тој воедно рече дека на жените нема трајно да им биде забрането да одат на работа.

Во моментот, тоа е за нивна безбедност, со цел да се спречи злоупотреба, рече Муџахид, додавајќи дека жените засега треба „да станат дома“.

Муџахид, исто така, рече дека со САД не е договорено продолжување на рокот до кој ќе биде дозволена евакуација на луѓето од Авганистан. Тој рок истекува на 31 август и нема да биде продолжен.

Имаат авиони, го имаат аеродромот, треба да ги извлечат своите граѓани и изведувачи одовде, рече Муџахид.

Слична изјава денеска даде и другиот портпарол на талибанците, Сухаил Шахен. Тој вели дека ќе има последици доколку западните земји го пречекорат рокот за повлекување.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека се надева дека ќе се држи до крајниот рок до 31 август, но се соочува со притисок од европските сојузници и Британија да го помести датумот. Според американската влада, околу 50.000 странци и Авганистанци ја напуштиле земјата преку аеродромот во Кабул, откако талибанците ја зазедоа земјата пред девет дена.

Многу Авганистанци стравуваат од повторување на бруталното толкување на шеријатскиот закон што талибанците го воведоа кога првпат ја преземаа власта во 1996-2001 година и од одмазда за соработување со САД во изминатите две децении.

Авганистан Запад Порака Свет Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.