Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Признавањето на Палестина го наградува Хамас, а членките на НАТО ја финансираат војната во Украина

0
By Zoran Ivanov on September 23, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 23, 2025 20:02

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека решението со две држави, односно признавањето на палестинската државност во Обединетите нации, е „награда“ за палестинското милитантно движење Хамас, додека ги обвини членките на НАТО дека ја финансираат војната на Русија во Украина со купување руска нафта.

Во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, Трамп повика на прекин на огнот и крај на конфликтот во Појасот Газа, но изјави дека признавањето на палестинска држава „би било награда за ужасни злосторства“, во време кога Хамас „одбива да ослободи заложници или да прифати прекин на огнот“, пренесуваат западните  медиуми.

Како да го охрабрат продолжувањето на конфликтот, некои од членовите на ова тело сакаат еднострано да признаат палестинска држава.

Наградите би биле преголеми за терористите на Хамас, за нивните злосторства“, рече Трамп.

Изјавите на Трамп се директен одговор на вчерашното соопштение на неколку европски земји за признавање на палестинската држава за време на самитот на Генералното собрание на ОН.

 Наместо да попуштат пред барањата на Хамас за откуп, оние кои сакаат мир треба да бидат обединети околу една порака – ослободете ги заложниците сега, само ослободете ги заложниците, рече Трамп.

Тој додаде дека војната во Газа мора веднаш да престане.

Мора веднаш да ја запреме војната во Газа. Мора да ја запреме. Мора веднаш да преговараме. Мора да преговараме за мир. Мора да ги вратиме заложниците, нагласи Трамп.

Американскиот претседател обвини некои членки на НАТО дека ја финансираат војната на Русија во Украина со тоа што продолжуваат да купуваат руска нафта.

Но, неоправдано е што дури и земјите од НАТО не престанаа да увезуваат големи количини руска енергија и руски енергетски производи. Тие финансираат војна против себе. Тие купуваат нафта и гас од Русија додека се борат против Русија. Срамно е“, рече Трамп, пренесува Ројтерс. 

Тој рече дека Соединетите Американски Држави се подготвени да воведат серија царински тарифи за Русија ако не се постигне договор за прекин на војната.

 Но, за да бидат ефективни тие тарифи, европските нации, сите вие ​​што сте се собрале овде, би морале да ни се придружите во усвојувањето на токму истите мерки, рече Трамп.

 

 

ЕУ Русија Трамп Украина Хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.