Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп тврди дека видел докази за потеклото на коронавирусот

0
By Нова ТВ on May 1, 2020 СВЕТ
Фото: usnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 1, 2020 10:04

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека видел докази оти коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија. Тој ја обвини кинеската влада дека потфрлила, а се нафрли и на Светската здравстевена организација (СЗО).

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „видел докази“ за поврзаност на коронавирусот со Институтот за вирологија во кинескиот град Вухан. „Да, видов“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа, но на потпрашање додаде и дека не може да изнесува други детали.

Раководителот на лабораторијата во Вухан, Јуан Жиминг, уште пред неколку дена ги демантираше ваквите и слични тврдења.

Трамп уште еднаш упати критики на сметка на властите во Кина на кои им префрли дека не го победиле вирусот во земјата.

„Или не беа во состојба за тоа или одлучиле да не го сторат тоа и светот страдаше тешко“, рече американскиот претседател.

Прашан во врска со извештаите дека во судирот околу потеклото на коронавирусот би можел да ги запре платежните обврски кон Кина, Трамп одговори дека би можел да воведе „казнени царини“. Тој тоа веќе го стори во трговскиот конфликт со Кина.

Трамп уште еднаш се нафрли и врз СЗО. Тој ја спореди организацијата со „ПР-агенција за Кина“.

„Тие не треба да се извинуваат кога луѓето ќе направат ужасни грешки. Тие треба за тоа да се срамат“, рече Трамп, кој во корона-кризата го запре плаќањето за СЗО.

Американскиот претседател не сакаше да ги коментира наводите на канцеларијата на директорот на Националната разузнувачка служба дека тајните служби, исто како и најголемиот дел научници, сметаат дека новиот коронавирус е природен и не е произведен од човек или генетски модифициран. Трамп рече дека не ја видел ваквата изјава и додаде дека има многу теории и во САД се истражува потеклото. „Ќе пронајдеме“, нагласи тој.

Доналд Трамп Кина Коронавирус лабораторија Потекло САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.