Иран, Русија и Кина денеска почнаа заеднички поморски вежби во Индискиот Океан чија цел е зголемување на поморската безбедност.

Иранската државна телевизија наведува дека во вежбите учествуваат 11 ирански бродови, три руски брода, од кои еден разурнувач, како и два кинески брода.

Американските медиуми пренесуваат дека во поморските маневри е вклучена и Иранската револуционерна гарда со помали бродови и хеликоптери.

Вежбите, како што се наведува, ќе се одржат на површина од околу 17.000 квадратни километри на север од Индискиот Океан, а ќе опфаќаат ноќни борби, спасувачки операции и вежби за гаснење пожари.

Ова е трета заедничка вежба на трите земји.