Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Целосно се отвора: Норвешка од утре без рестрикции поради ковид-19

0
By Sashko on September 24, 2021 СВЕТ
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Норвешка утре целосно ќе ги укине мерките против ковид-19 кои ги ограничија социјалните контакти и го блокираа голем дел од економијата.

Ова е 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во мирно време. Сега е време да се вратиме на нашата вообичаена рутина, изјави премиерката Ерна Солберг на прес-конференција.

Ограничувањата за коронавирусот ќе бидат укинати утре од 16 часот по локално време. Одлуката повеќе да не се бара физичка дистанца ќе овозможи на културните и спортските места во Норвешка да работат со полн капацитет, рестораните повторно да бидат полни, а ќе се отвораат вратите и на ноќните клубови.

Солберг веќе заврши три од четирите фази во владиниот план за постепено укинување на социјалните и економски ограничувања што беа воведени од март лани. Сепак, почетокот на последната фаза беше одложен неколкупати поради стравувањата од можно зголемување на бројот на заразени лица.

Накратко, сега можеме да живееме нормално. Сакам да кажам, многу ти благодарам Норвешка, нагласи Солберг и додаде

Иако повеќето луѓе сега се враќаат во нормалото секојдневие, пандемијата не е завршена. Луѓето ќе продолжат да се разболуваат, па затоа е важно сите да бидат вакцинирани

Според Националниот институт за јавно здравје, околу 76 проценти од Норвежаните досега биле вакцинирани со најмалку една доза на вакцината против коронавирус, а 67 проценти од населението се имунизирани со две дози.

Солберг истакна дека луѓето кои ќе се заразат со коронавирус, ќе мора да се изолираат за да не го шират вирусот.

Таа нагласи дека ограничувањата за патување, исто така, се олабавуваат и Владата повеќе нема да им препорачува на граѓаните да не патуваат надвор од Европа.

Ерна Солберг Ковид-19 Норвешка премиерка рестрикции Свет укинување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.