Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: За првпат сме толку решителни да најдеме решение за името

3
By Нова ТВ on April 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави дека Грција за првпат на толку решителен начин се обидува да најде заемно прифатливо решение за прашањето за името со гаранции дека ќе има конечно решение.

Говорејќи за улогата на Грција во ЕУ и регионот, грчкиот премиер на прес-конференцијата во премиерската палата, рече дека земјата покажа во последните години дека треба да игра централна улога во обидот Европската унија во иднина да ја надгради нејзината меѓународна и регионална улога како сила на мир, стабилност и безбедност.

Грција, според Ципрас, ова го покажала преку справувањето со бегалскиот проблем и провокациите од Турција во Егејското море, со обидите за решавање на кипарското прашање, со градењето иницијативи во регионот за европската перспектива на Западен Балкан, но и со напорите за решавање на спорот со името.

– Ова го покажуваме обидувајќи се, по првпат, на толку решителен начин да најдеме заемно прифатливо решение во прашањето со името на поранешната југословенска Република Македонија со гаранции дека ова прашање ќе има конечно решение, рече грчкиот премиер.

Изјавата на Ципрас доаѓа еден ден по последната рунда преговори на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас и медијаторот на ОН, Метју Нимиц, вчера во Виена.

По средбата медијаторот Нимиц не откри повеќе детали, и само кусо истакна дека имале интензивна дискусија во која двете страни покажале меѓусебна почит.

– Двете страни се посветени на постигнување решение и процесот ќе продолжи во следните недели, изјави Нимиц.
Министрите Димитров и Коѕијас по средбата не дадоа изјави за медиумите.

Македонскиот премиер, Зоран Заев во интервју за бугарската телевизија БТВ коментирајќи ги разговорите за прашањето за името, изјави дека многу е важно да не бидеме обезличени дома, да не бидеме обесчестени,

Прашан за тоа кое име е најприфатливо, Заев не прецизира, но посочува дека ако се гледа од историски аспект денешната македонска држава го зазема горниот, северен, вардарски дел од Македонија, како што еден дел има Бугарија, а еден дел е во Грција.

– Делот од историска Македонија што е во Бугарија, ние го признаваме како бугарски и тука нема никакви дилеми. Ние го нарекуваме Пирински дел, бидејќи Пирин е најголемата планина, но таму живеат граѓани на Бугарија од кои некои се чувствуваат како Македонци и тоа е нивно право. Ние со тоа немаме никаков проблем, вели Заев.

Во контекст на евроатланската интеграција, која засега е блокирана од Грција поради прашањето за името, премиерот вели дека разговорите за спорот продолжуваат со цел да се најде решение.

– Ако не успееме, веројатно нема да имаме иднина во ЕУ и НАТО. Тогаш ќе треба Европа да ја доведеме во Скопје, во Македонија. Не гледам друга опција. Во краен случај ако не се најде решение, прашањето ќе остане отворено и ќе продолжиме по три, шест месеци повторно да бараме одговор, вели Заев за БТВ.

Грција Заев преговори решение спор за името Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.