Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Верниот Горан Грујевски во притвор, шефот Сашо Мијалков на слобода

0
By Нова ТВ on July 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 18, 2017 18:59

Името на Горан Грујевски во јавноста беше споменувано многу ретко. Началникот на Петтата управа во МВР, човек од доверба на поранешниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, беше на безбедно се до објавување на „бомбите“ од опозицијата. Тогаш неговиот лик излезе од анонимност, а веќе денеска еден од недопирливите шефови од УБК ќе оди во притвор.

Началникот Горан Грујевски во годините додека управувал со тајната полиција и според обвинението на СЈО незаконски прислушувал илјадници граѓани, ја пишувал својата докторска дисертација на тема: „(Зло) употреба на посебните истражни мерки“, а ја одбранил во 2014 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Докторот на науки, кој во својот труд објаснува како и кога според закон смее да се прислушуваат граѓани, сега е обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“. Грујевски во „Таргет“ се товари дека уништувал документација поврзана со прислушувањето, а во случајот „Тврдина“ е обвинет за уништување на системите за прислушување.

Главен обвинет во „Таргет“ е неговиот шеф, Сашо Мијалков, но тој нема да оди во притвор. Мијалков, како надреден на Грујевски ќе се гони за злосторничко здружување со цел нелегално прислушување, но тој ќе остане да се брани од слобода. Судот на Мијалков му го одзеде пасошот и тој сега останува „заробен“ во Македонија.

Инаку, Грујевски по втор пат ќе влезе во затворот во Шутка. Првиот пат лани во март остана кратко. По само неколку дена Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 го преиначи решението на судијата на претходна постапка и мерката притвор ја замени со куќен притвор.

Откако излезе од притвор Грујевски најголем дел од времето беше на боледување и не се појавуваше ни на работа, ниту во Судот, но остана да биде началник на Петтата управа. Беше разрешен лани во јули, а по само неколку месеци, во октомври, тогашниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, го унапреди неколку скалила повеќе и тој беше назначен за помошник директор за координација во МВР. На оваа позиција е се до ден денес.

Дали Грујевски експресно ќе влезе и излезе од Шутка и овој пат, ќе зависи од одлуката на Врховниот суд, кој го има последниот збор доколку обвинетиот одлучи да се жали до судот на Јово Вангеловски.

 

Освен за Грујевски, мерката притвор е прифатена и за Тони Јакимовски и Никола Бошковски, поранешни вработени во МВР и луѓе од доверба на Мијалков.

 

„Таргет“ Горан Грујевски прислушување притвор Сашо Мијалков СЈО Тврдина УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.