Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Европска битка со лажните вести на Кремљ

1
By Светлана Јовановска on September 12, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 12, 2017 16:26

Како да проверите дали некоја вест е лажна? ЕУ одлучи да влезе во борба со лажните вести кои доаѓаат од Русија и денес отвори сајт за проверка на овие вести насловен EUvsdisinfo.

Познато е дека авторитарните власти во било која земја во светот сакаат да го држат информирањето на јавноста под контрола. За нив тоа е предуслов за останување на власт.

Не можеме претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ да ја споредуваме со власта на моќниот Владимир Путин во Русија. Но во областа на информирањето можат да се најдат заеднички точки.

Така, зад сајтот на Курир.мк стои центарот за информирање на ВМРО-ДПМНЕ. Овој сајт не е голем производител на лажни вести но е голем производител на манипулативни или извртени вести за да се испрати лоша слика за политичкиот опонент а добра за ВМРО-ДПМНЕ. Примерите се бројни и секојдневни.

Но руската пропаганда е многу пософистицирана од онаа кај нас.

Власта во Русија не сака независни медиуми. Па Кремљ креираше голем апарат за информирање преку кој се шират лажните вести до јавноста во Русија, во екс советските републики но и во целиот свет. Главните медиуми за ширење на руска пропаганда се телевизијата Russia Today и сајтот Sputnik но постојат и редица други. Овие медиуми и кај нас имаат се повеќе влијание.

Така, ЕУ одлучи да влезе во битка со руските лажни вести. Пред точно две години е креирана службата со официјално име East StratCom Task Force. На европскиот самит од март 2015 година лидерите на земјите членки на ЕУ побараа од Могерини да изработи акциски план за стратешка комуникација со Источното партенрство од кој се роди овај сервис.

Со тоа се креираше мрежа од над 400 експерти, новинари и истражувачи во областа на медиумите кои испраќаат примери за лажни вести што потоа се анализираат и се проверуваат. Овие вести се објавуваат во неделниот Магазин на дезинформации (Disinformation Review) кој излегува на 18 јазици.

Швајцарија, Финска, Шведска, Украина, Латвија или Словачка и помагаат на јавноста да ги открие лагите и вестите кои шират теории на заговор. Особено преку Фејсбук и Твитер.

Екипата на ЕУ има задача “да го зајакне медиумскиот пејсаж кај источните партнери и земјите членки на ЕУ, вклучувајќи поддршка за слободата на медиумите и зајакнување на независните медиуми”. Нејзината цел е исто така да ги пронајде лажните вести кои кружат на интернет, да ги анализира дезинформациите и на нив да одговори.

На прашањето дали оваа нивна активност е ЕУ пропаганда, тие одговараат:

“Не, главната задача на екипата е да ги идентификува и корегира дезинформациите”. Тие додаваат дека нивна цел не е да се одговори со контра-став на ставовите што доаѓаат од Русија бидејќи секој има право на свое мислење. Нивна цел е да се провери вистинитоста на информацијата.

Еден пример

На интернет се појави вест дека во Данска се легализира сексуалната злоупотреба на животните со наслов “Бордели за зоофили ќе се отвораат во Данска”.

Екипата на ЕУ тоа го демантира со факти.

“Иако е сосема неточна, веста добро се вклопува во негативниот наратив за моралниот распад на Запад”, пишува на сајтот на оваа служба.

Веста се појавила во август на маргинален руски сајт Kolokol Rossii и потоа била пренесена на многу сајтови во Грузија, Белорусија, во самата Русија но беше пренесена и кај нас. Првата вест се повикува на францускиот сајт Secretnews.fr. Но, во руската вест не е пренесено дека францускиот сајт е сатиричен, сајт што објавува пародии.

Во првата руска вест се вели дека данските власти прифатиле да се отвори животински бордел во Копенхаген. На сајтот има слика со куче облечено како улична проститука и се цитира изјава на дански мниистер за земјоделство кој вели дека сексот со животните треба да биде граѓанско право заштитено од уставот.

“Министерот за кој станува збор е поранешен социјал-демократски министер Дан Јоргенсен чиешто име е од некои причини преиначено во Влад Јоргенсен, беше иницијатор на законот од 2015 година за забарна на секс со животни. Данска беше една од првите земји во Европа која немаше забрана за вакви активности а судовите ги користеа законите против суровоста врз животните за да ги заштитат животните од ваква злоупотреба. Со други зборови, фактите беа целосно испревртени во сторијата за дезинформација”, објаснува ЕУ службата.

На сајтот EUvsdisinfo ќе најдете уште 3.000 примери на лажни вести подготвени во руските медиумски кујни и статистики за овој нов феномен. Сајтот можете да го следите и на Фејсбук и Твитер.

 

Што е иницијативата Источно партнерство на ЕУ?

Инцијативата е пред се наменета за земјите од Источното партнерство на ЕУ а тука се Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина. Земји со кои ЕУ сака да ги зајакне односите во повеќе области. Оваа иницијатива беше лансирана во 2009 година.

 

East StratCom Task Force Russia Today ЕУ Кремљ лажни вести Русија Спутник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.