Финансирањето на политичките партии, особено за време на изборите е една од најнетранспарентните и затворени работи во државата.

Од каде им се на партиите милиони евра кои ги трошат за кампања и дали во финансиските извештаи партиите прикажуваат реални суми и лица кои донирале?

Со измената на изборниот законик, намалена е сумата која граѓаните и фирмите можат да ја дадат како донација за изборите, исто така, намалена е и сумата која партиите смеат да ја потрошат по гласач во изборна единица.