Во Каталонија е тензично откако полицијата употребила гумени куршуми против активистите и граѓаните кои не дозволуваат денешниот референдум за независност да пропадна.

И покрај цврстиот став на шпанската влада дека гласањето нема да биде дозволено, илјадници граѓани се на улиците и чекаат да го дадат својот глас на референдумот, кој и властите и шпанскиот Уставен суд тврдат дека е неуставен.

Гласањето беше отворено утрово а неколку граѓани веќе го оствариле своето право на глас и покрај интервенцијата на националната гарда која по директива на власта, не дозволува гласање.

Шпанија пред голем тест, Каталонија бара целосна независност од Шпанија