За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски
Капитенот Горан Пандев, во свое лично име и на соиграчите од репрезентацијата, се приклучи кон пораките за поддршка на Кристијан Ериксен кој колабира на теренот за време на мечот меѓу Данска и Финска, заврши во болница каде сè уште се наоѓа и Европското првенство е завршено за него поради здравствени проблеми.
Пандев, преку видеото на македонски јазик на социјалните мрежи, се обрати до Ериксен и му посака што поскоро заздравување и уште посилен да се врати на фудбалските терени.