Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата во Софија не сака да преговара со Македонија за условите од францускиот предлог

0
By Marija Todorovska on February 10, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 10, 2025 11:17

Новата бугарска влада соопшти дека одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ, наведува бриселскиот портал „Еурактив“.

„Пред три години, Бугарија и Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки за деблокирање на процесот за европска интеграција на Западниот Балкан. Владата во Скопје се согласи да го вклучи бугарското малцинство во својот устав, а властите во Софија ветија дека ќе го укинат ветото за почеток на преговорите со Македонија“, се потсетува во текстот објавен денеска.

Авторот на написот натаму наведува дека лани дојде до промена на власта во Скопје и дека новата влада, предводена од Христијан Мицкоски ветила дека „нема да направи отстапки кон Софија“.

„Еурактив“ ја пренесува изјавата на Мицкоски дека се чека на избор на редовна влада во Софија за да почнат преговори за укинување на бугарското вето, но посочува дека првите сигнали од бугарска страна се дека нема да има обнова на дијалогот.

„Бугарија потсетува дека вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Македонија не е билатерален проблем, туку е услов на Брисел кон Скопје“, наведува порталот.

Во текстот се пренесува и изјава на неименуван бугарски министер дека Бугарија останува „исклучително доследна“ на нејзината политика кон Западниот Балкан и на европската интеграција на сите земји од регионот.

„Постои европски консензус, кој во Бугарија е познат како „францускиот предлог“, што строго ќе се следи. Тоа што е постигнато како договор не е билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, тоа е меѓу Брисел и нашите соседи од Република Македонија“, вели министерот.

Од друга страна според „Еурактив“, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да инсистира уставните измени да бидат усвоени сега, но да стапат во сила по влезот на Македонија во ЕУ за да се спречи ризикот Бугарија да стави ново вето по други основи, како и дека премиерот Мицкоски веќе побара средби со претставници на бугарската влада.

„Во минатото веќе имавме средби со бугарското раководство на највисоко ниво и со нивниот тогашен привремен премиер. Очекувам дека во следниот период ќе има средби со бугарската влада на различни нивоа и тоа не треба да нè чуди. Ниту ние ќе исчезнеме, ниту тие ќе исчезнат, ние сепак ќе бидеме соседи. Треба да изградиме добрососедски односи, но тоа не значи дека се согласуваме за некои теми за кои имаме разлики“, пренесува „Еурактив“ изјава на премиерот Мицкоски.

Текстот е сопственост на Еуроактив

Влада ЕУ Мицкоски преговори Софија француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.