Фудбалскиот шампионат на Аргентина може да почне. Владата на јужноамериканската држава обезбеди финансиска помош за Федерцијата од 21 милион евра со што е елиминирана можноста за пролонгирање на стартот на сезоната поради неисплатени побарувања кон играчите.
Средствата, како што пренесува и АФП, ќе бидат распредени меѓу клубовите за тие да можат да извршат исплата на заостанатите обврски кон фудбалерите.
Играчите во елитното клупско фудбалско натпреварување во Аргентина се заканија дека ќе отпочнат штрајк и ќе го одолжат почетокот на сезоната поради големите доцнења за добивање на заработувачките.