Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влијанието на Путин врз Западот

0
By Нова ТВ on October 2, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заканата од Северна Кореја, заканата од ИСИС,  ширењето на крајно-десничарскиот блок се непресушни теми за кои во секој момент може да најдете од политичар до најобичен човек кој би бил заинтересиран да дискутира.

Тимот на Политико, американскиот медиум кој се фокусира на политичко новинарство, за таа цел, на маргините на Генералното Собрание на Обединетите нации, кое се одржа во Њујорк на 19.септември, собрал 10 учесници кои ги седнал на форум за да дискутираат на тема политика, а фокусот, без притоа најавена тема, се свртел целосно кон рускиот претседател Владимир Путин.

ЗАКАНАТА ОД ПУТИН

„Путин е потценувач на демократијата, кој за себе си обезбедува уште една деценија на власт со тоа што го дестабилизира Западот, односно води стратегија која му успева а која САД и Европа се уште тешко ја разбираат“, е заклучокот кој Политико го вади од овој необичен форум состанок по говорите на учесниците.

Според учесниците, чии имиња се јавни, но според договорот, репликите не се врзани за нивните имиња, Путин работи на дисквалификација на Западот, односно на мешање во изборите во некои држави за да го прикаже Западот како демократија на која не треба да и се завидува, притоа промовирајќи ја моќта на Русија.

„Путин сака светот да биде безбеден за руската автократија, а тоа значи да ја дискредитира главно демократијата и да ги ослаби западните институции, а тоа се обидува во континуитет“, вели еден од учесниците.

Освен Русија, Северна Кореја со својата нуклеарна програма, Кина со својата економија и тероризмот од ИСИС се исто така закана, се согласуваат тие, но ако треба да се стави некој на врвот во поглед на геостратегијата, Русија би го зазела првото место.

„Русија е политичка закана, политички опонент на нашите општества која ги потценува нашите вредности и пробува да не деморализира и подели, со цел да се откажеме од борбата да ги спречиме да колонизираат земји, како примерот со Украина“, тврди во разговорот еден од десетмината учесници.

Дискусијата на групата аналитичари оди кон Украина со заклучокот дека таа е многу важна за Путин за да продолжи митот за „путинизмот“.

„Русија мора да победи во Украина бидејќи европеизирана Украина би значело крај на „путинизимот“, не крај на Русија туку на „путинизмот“.

Во дискусијата влегува и економијата зад кое лице се крие Владимир Путин, за што дискутантите ќе речат дека неговата контрола над Русија е покревка отколку што е тоа прикажано во глобалните медиуми, особено поради незадоволството на бизнисмените по санкциите за Русија од Западот и поради тоа што руската економија зависи од фосилните горива и тоа во време кога цената на нафтата е падната. Затоа, велат аналитичарите во форумот, економијата претставува грижа за него.

ЗАКЛУЧОЦИ ПО ФОРУМОТ

Учесниците во анализата на Политико, даваат неколку можни заклучоци за заштита на Западот од Русија.

Тие сметаат дека Украина треба да се чува што подалеку од рацете на Владимир Путин, односно земјата да се интегрира во Европа, што ќе предизвика последици во Москва за моќта на Русија. Воедно според нив, Европската Унија треба да и даде одреден статус на Украина кој би бил близок до членство (бидејќи украинската економија се уште не е подготвена за ЕУ), а во тоа да бидат вклучени и борбата против корупцијата, како и целосна посветеност дека таа е многу блиска и важна земја за европското семејство. На тој начин би се блокирале обидите на Путин да ја путинизира Украина.

Друг заклучок, изведен од неформалниот форум е дека санкциите воведени во 2014 година треба да продолжат со цел да се одржи на страна влијанието на Путин кон Украина.

Наредниот март е клучен за Путин, но малкумина се сомневаат дека тој не би освоил нов шест-годишен мандат. Но ако Путин сака да ја модернизира руската економија и да ја намали зависноста од нафта и гас, тоа ќе мора да го направи веднаш по изборот. Тука западните политичари треба да ја најдат шансата, велат учесниците, за поширока соработка со него и за стабилизирање на односите.

Еден од учесниците вели дека НАТО и ЕУ треба да ги засилат напорите за да ги детектираат, анализираат и да ги пресретнат лажните информации од Русија а за тоа е потребна поголема инвестиција во западните системи за да се етикетира „руската пропаганда“.

ШТО ГИ ПЛАШИ АНАЛИТИЧАРИТЕ?

Политико ја завршува анализата со некои од најголемите стравови на дискутантите.

„Она што најмногу ме плаши е опасноста од погрешни проценки на Западот“.

„Недостатокот од политичка самодоверба во Западот. Чувството дека правиме нешто погрешно, тоа ме плаши“.

„Најголемата закана со која се соочуваме е дека ќе загубиме верба едни во други. Мислам дека тоа е најголемата закана“.

„Мојот кошмар е дека новата администрација на САД (на чело со Доналд Трамп), ќе не врати назад после се што сме направиле изминатите 50 години“.

Ова се дел од одговорите на учесниците Евелин Фаркас, Ден Фрид, Џејн Херман, Кристоф Хаусген, Александар Квасниевски, Џон Негропонт, Ејми Поуп, Фабрис Потие и Александар Фершбоу, сите поранешни функционери или претставници на земјите од Западот.

анализа Владимир Путин економија закана Запад МОК санкции Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.