Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ бара да не се брза со апсења по насилствата во Собрание

0
By Нова ТВ on May 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партијата ВМРО-ДПМНЕ апелира институциите да не приведуваат недолжни луѓе брзајќи да покажат некаков резултат од насилството врз пратениците во четвртокот.

– Во текот на вчерашниот ден до партијата допреа информации дека приведени се многу луѓе кои не сториле никакво насилство или кривично дело, а полицијата ги привела, држела со часови во полициска станица, а дел од нив добиле и притвор без елементарен доказ дека сториле кривично дело или насилство. Треба да се разграничи неколкучасовно влегување на граѓани во парламентот, во народниот парламент, заради насобран револт и гнев од предавничките, антидржавни и кукавички политики на СДС, од нанесувањето тешки телесни повреди, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потенцираат дека МВР и Обвинителството требало да знаат дека за да приведат или изнесат пред суд некого, треба да имаат цврсти докази за сторено кривично дело.

– Исто така ОЈО и судовите не смеат да имаат различни аршини за овие настани од настаните при насилствата врз полицијата направени од шарените платени протестанти минатата година, кои за пари протестираа и вршеа насилство врз македонските полицајци. Од нашите информации дознаваме дека некои лица добиле и притвори заради вербални деликти, а без извршено физичко насилство. Оттука, апелираме до судот да внимава при носењето на одлуките, и да се држи исклучиво до фактите и доказите и да не ги понесува партиската наклонетост кон едни или кон други, стои во партиското соопштение.

Партијата на Груевски смета дека предизвикувач на „народен бунт“ е токму СДС (СДСМ) која не  само што 60 дена ги игнорирала граѓаните кои масовно, упорно, мирно и демократски протестирале, туку и континуирано ги провоцирале со навреди, погрдни зборови, омаловажувања и конечно со незаконски и противиставен обид за избор на претседател на парламентот.

– ВМРО-ДПМНЕ континуирано јавно предупредуваше на ризиците од ваквиот однос на СДС и изборната измама со постизборнито носење на Тиранската Платформа како основа на новата коалиција. Го предупредуваме и министерот во МВР, Нухиу да не врши притисок на вработените во министерството по секоја цена да апсат што повеќе луѓе без основ (со цел да добие политички поени во неговата партија и електорат). Само еден невин уапсен е голем преседан за кој ќе се бара одговорност, доколку се докаже дека бил приведен без основ и докази, стои во пораката од ВМРО-ДПМНЕ.

Агим Нухиу ВМРО-ДПМНЕ МВР насилство Никола Груевски Собрание Талат Џафери Тиранска Платформа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.