Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ бара појаснувања од ЕУ за состав на новата влада

2
By Нова ТВ on January 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 31, 2017 16:00

Откако портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ го пренесе ставот на ЕУ дека Македонија нема време за губење, ВМРО-ДПМНЕ реагира дека Коцијанчиќ треба да објасни на основа на кој дел од Уставот на Р. Македонија, ЕУ очекува Претседателот Иванов да определи лидер за формирање на „што е можно поширока Влада“.

– Пожелно е одговорот на ЕУ, исто така да биде јавен, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат, секоја држава, особено источно европските земји, има потреба од континуирани реформи преку промени на законите, за кои понекогаш е потребно и поголемо мнозинство како што е двотретинското кое во Македонија е неопходно за промена на некои закони.

– Сепак, земјите ретко составуваат влади со двотретинско мнозинство. Дури и во таква ситуација некои од нив понекогаш преку разговори и дебата со опозицијата во парламентот успеваат заеднички да изгласаат закони за чие прифаќање треба поголемо мнозинство во парламентот отколку тоа што го има владеачката коалиција. Такви случаи имаше многупати и во Македонија, кога владеачката гарнитура успеваше за некои реформски закони да обезбеди поддршка во парламентот од опозицијата, што говори дека и без двотретинско мнозинство може да се прават реформи, се вели во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали ЕУ има воспоставена пракса при секое формирање на влада во земјите членки на ЕУ и кандидатите за членство, јавно повикува на создавање на „што е можно поширока Влада“, или тоа е само исклучок за Македонија.

Претходно партијата упати прашање и до Амбасадата на САД, дали таа е против идејата на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на нови избори.

Влада ВМРО-ДПМНЕ ЕК ЕУ Маја Коцијанчиќ одговор прашање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.