Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Коцијанчиќ не одговори на нашите прашања

0
By Нова ТВ on February 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ не е задоволен од одговорот на портпаролката Маја Коцијанчиќ бидејќи не дала одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот, ЕУ го советува Претседателот Иванов да определи нов лидер на кој ќе му го додели мандатот.

– Коцијанчиќ само повтори дека е потребен широк консензус и широка коалиција за решавање на престојните предизвици и приоритетните реформи. Госпоѓата Коцијанчиќ веројатно знае дека од 2002 година наваму, во овие речиси 15 години, само од 2011-2014 година, македонската Влада немаше коалиција од двотретинско мнзинство во парламентот. Дури и во тие три години успеваше со дијалог со опозицијата да обезбеди 2/3 за реформските закони особено во судството, и широката поддршка никогаш не беше проблем. Проблемот заради кој не започнаа преговорите со ЕУ, а кој вчера индиректно го спомна е билатералниот спор со Грција. За негово решавање не е потребна широка коалиција во парламентот, туку минимум политичка волја на Грција земјава да се приклучи на ЕУ и пред се поддршка на решението од граѓаните на Македонија на референдум, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата не е задоволна ниту од тоа што не добила одговор за прашањето дали за секое формирање влада во Европа, ЕУ бара на прес конференција широка коалиција.

– Не беше одговорено, затоа што такво нешто не постои. Во земјите во Европа тоа би се толкувало како директно  мешање на ЕУ во внатрешните демократски и политички процеси кога некој однадвор јавно би барал кој со кого да коалицира и како да изгледа коалицијата, широка или тесна, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму им се заблагодаруваат на ЕУ за советот но потенцираат дека одлуките во Македонија ги носат пратениците во Собранието, избрани од народот.

– Ние како најголема партија со најмногу пратеници сметаме дека најдобро решение се предвремени избори и до крај ке се залагаме за истото, потенцира партијата.

Во однос на одговорот кој го добија од Американската амбасада, ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува, констатирајќи дека очигледно било дека не станува збор за официјален став на новата администрација под раководство на Трамп.

амбасада Влада ВМРО-ДПМНЕ ЕУ Маја Коцијанчиќ САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.