Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиски трки за градоначалници: Во фотелја на СДСМ ќе седнат и без книшка, ВМРО анкетира

0
By НОВА ТВ Balaban on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во политичките партии почна изборот на кандидати за градоначалници и советници коишто ќе се тркаат на локалните избори во октомври годинава. Во Социјалдемократскиот сојуз јавниот повик е отворен до 30 јуни, па веќе почнале да се одржуваат состаноци во општинските организации на кои паѓаат предлози кои личности да бидат кандидирани за претстојните локални избори. А на повикот може да се јават и оние коишто не се членови на оваа партија. Засега од партиите не откриваат колку од актуелните градоначалници со својот „минат труд“ заслужија пак да бидат ставени на изборните листи за градоначалници, а колку од номинираните ќе бидат сосема нови личности.

НоваТВ дознава дека членови на СДСМ од општината Аеродром вчера се изјаснувале за новите кандидати за градоначалници, па се очекува наскоро да биде соопштено кој ќе биде официјалниот предлог во трката за нов „татко“ на оваа општина.

Од оваа партија изјавуваат:

– Во СДСМ започнаа внатрепартиските постапки за самокандидирање и номинација на кандидати за градоначалници и советници во општините и Град Скопје. Покрај предлозите кои се собираат во Месните одбори, во општинските организации, отворен е и јавен повик на кој може да се пријави секој кој и не е член на СДСМ, а ги дели вредностите и визиите на СДСМ, кој ужива углед во своето место на живеење, секој кој е подготвен да работи за доброто на својата општина и неговите сограѓани – велат за НоваТВ од СДСМ.
Оттаму појаснуваат како понатаму ќе тече  изборот на кандидатите:
– Предлозите потоа се доставуваат до Извршниот одбор на партијата, а оние кандидати кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат проверени и пред граѓаните, преку анкети и истражувања на јавното мислење. СДСМ е постојано на терен меѓу граѓаните, одржуваме граѓански трибини, маалски средби, средби со целни групи каде го слушаме гласот на граѓаните, ги нотираме нивните барања и потреби се со цел заедно со граѓаните да ја создадеме најдобрата понуда за секоја наша општина. Зад таа понуда ќе застане СДСМ и без разлика кој ќе биде кандидатот или кандидатката за градоначалник на која било општина, СДСМ дава збор пред граѓаните дека сè што е дел од програмата,  ќе биде реализирано – нагласуваат од оваа партија.

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ ни изјавија дека сè уште не почнале со активности за изборот за предлог кандидати за идни градоначалници.- Во тек се анализи, внатрепартиски процедури и анкети. Така што, во моментов, сè уште нема  одлуки за никаде, ни изјавија од опозициската партија.

Во движењето ГРОМ велат дека подготовките веќе се во тек.
– Ги почнавме разговорите со коалициониот партнер „Обнова за Македонија“,  ама далеку сме од конкретни одлуки и решенија за кандидати за нови градоначалници и советници. Следната недела ќе имаме поконкретни разговори на оваа тема. Сега ние како ГРОМ имаме 15 советници, а немаме градоначалник. Се  надеваме на подобар резултат на претстојните избори – вели  генералниот секретар на ГРОМ, Крсте Петрески.

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил го објави јавниот повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори што ќе биде отворен до 30 јуни.

– Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто. Во СДСМ како демократска, отворена и инклузивна партија има натпревар на идеи и програми, пишува Заев.

А во Дебар деновиве „падна“ и првата кандидатура за градоначалник за претстојните локални избори.

Тоа е актуелниот татко на градот, Хекуран Дука, познат уролог, за што Претседателството на дебарскиот огранок на ДУИ донесе едногласна одлука.

Инаку, од  ДУИ денеска не добивме одговор како течат останатите активности на оваа партија во врска со изборот на нови кандидати за градоначалници.

Максим Димитриевски, Мартин Костовски и Оливер Илиевски веќе обелоденија дека сакаат да се  кандидираат за нов градоначалник на Куманово на локалните избори.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека летово ќе ги распише локалните избори,  согласно  законските рокови. Редовни избори, според Изборниот законик, треба да бидат распишани во последните 90 дена од мандатот на актуелните градоначалници и советници, но не повеќе од 70 дена пред истекот на мандатот.

Според Џафери, бидејќи на половина од градоначалниците четиригодишните мандати им биле потврдени околу 18 октомври 2017 година, а на избраните во втор круг во почетокот на ноември 2017 година, значи дека на половина од градоначалниците и на безмалку сите совети на општините, мандатите им изминуваат околу 18 октомври оваа година.

Љубица Балабан

ВМРО-ДПМНЕ градоначалници ГРОМ ДУИ Избор кандидати политички партии СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.