Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен ќе одлучува за притворите на пратениците за 27 април

0
By Нова ТВ on March 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 20, 2018 08:02

Врховниот суд денеска на јавни седници ќе ги разгледува жалбите за притворите на осомничените од настаните на 27 април. Во притвор останаа пратениците Kрсто Mукоски и Сашо Василевски, поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков и уште неколкумина осомничени за насилствата во Собранието на 27 април.  Пратениците Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се во домашен притвор, а на Жаклина Пешевска на барање на Обвинителството и беше укинат притворот и заменет со мерки за претпазливост.

Од одлуката на Врховниот суд дали ќе ги укине притворите или не, зависи дали на шестмината пратеници ќе им биде овозможено да се бранат од слобода и евентуално да се вратат на работа со Собранието.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција вчера за НОВА потврдија дека е завршена истрагата за настаните од 27 април, минатата година и во моментов течат законските рокови во кои осомничените и одбраната можат да ги прегледуваат списите и доказите и евенттуално да бараат од обвинителството собирање на одредени докази.

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја заврши истрагата за настаните од 27 април минатата година и до осомничените и нивната одбрана достави известување за завршување на истражната постапка. Во моментов тече законскиот рок од 15 дена согласно член 302 од Законот за кривична постапка  кога осомничените и одбраната имаат право да ги прегледуваат списите и доказите, да составуваат препис, да поднесуваат исправи или други докази, списи од дејствијата на одбраната или да бараат од обвинителството собирање на определени докази. По истекот на роковите од чл.302  јавниот обвинител во рок од 15 дена ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука, стои во одговорот на Обвинителството на нашите прашања дали е завршена истрагата за минатогодишните настани во Собранието од 27 април.

Според Законот за кривична постапка рокот во кој јавниот обвинител треба да ги собере доказите што ги предлага одбраната изнесува 30 дена од поднесувањето на барањето.

Ако се земат во предвид законските рокови, обвинение за насилствата од 27 април може да се очекува најрано во текот на мај или почетокот на јуни оваа година.

Апелација пред околу еден месец им го замени затворскиот притвор со куќен на Богдан Илиевски, Борис Дамовски, пратеникот Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Иван Цветановски – дел од кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и на Оливер Радулов од УБК.

Неофицијално, еден од условите на ВМРО-ДПМНЕ за враќање во Собранието, чија работа ја бојкотираат од почетокот на декември, лани, по притворање на пратениците, е комплетирање на нивната пратеничка група.

Неодамна и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски изјави оти „се надева и има чувство дека многу брзо математичките и политичките проблеми ќе бидат надминати и ВМРО-ДПМНЕ ќе може да се врати во Собранието“.

27.април Апелација Врховен жалби ОЈО истрага пратеници притвори Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.