Втор ден на големата меѓународна конференција ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА која се одржува на 11 и 12 декември 2024 година, со учество на експерти, носители на одлуки, лидери на граѓанското општество и новинари од целиот свет.
Ќе учестуваат 25 учесници од САД, Европа, Балкан и Македонија на Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, денес со почеток од 10 часот.
Дел од конференцијата е и изложба и штандови со изданија на организацијата која оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.
Повеќе информации за меѓународната конференција „Defending Democracy“ (11-12 декември, Скопје) може да најдете на веб-страницата. За содржини на македонски јазик, кликнете ТУКА.