Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Второ предупредување на СЗО: Олабавување на мерките – двапати мери, еднаш сечи

0
By Нова ТВ on April 21, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време кога голем број земји почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати поради пандемијата, стигна второ предупредување од Светската здравствена организација (СЗО), пренесе агенцијата „Ројтерс“. Од таму и денеска предупредуваат дека сите мерки за ублажување на карантинот воведен заради заштита од коронавирусот треба да се преземат постепено, бидејќи ако ограничувањата се укинат пребрзо, повторно ќе има зголемување на бројот на заразените.

„Мерките за карантин се покажаа ефикасни и луѓето мора да бидат подготвени за нов начин на живот, за да може општеството да продолжи да функционира, но во исто време коронавирусот да биде држен под контрола. Додека не биде пронајдена вакцина, процесот на прилагодување кон епидемијата ќе стане новата нормалност“, изјави на онлајн прес-конференција, Такеши Касаи, регионален директор на СЗО.

Ова е второ предупредување, по вчерашната изјава на Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, кој рече дека „допрва претстои најлошото со епидемијата“. Тој не прецизираше зошто состојбата може да се влоши, но наведе дека оваа пандемија која се случува за првпат во сто години потсетува на „шпанската треска“ од 1918 година од која починаа 100 милиони луѓе.

„Но, сега ја имаме технологијата, можеме да спречиме катастрофа, можеме да спречиме ваков вид криза“, рече Гебрејесус.

Заострување на меките мерки

Овие предупредувања од СЗО доаѓаат во време кога голем број земји почнаа да ги укинуваат или олеснуваат ограничувањата или тоа го најавуваат за претстојните денови. Македонската влада засега се придржува до овие сугестии. Премиерот Оливер Спасовски во видео-сесија пред три дена најави дека „Владата подготвува сериозен план по првомајските празници да почне процесот за враќање на нормализација на животот на граѓаните“, но дека тој процес нема да биде воспоставен веднаш, туку постепено. Истото го повтори и вчера, во кратка објава на Фејсбук.

„Подготвуваме сериозен план по првомајските празници да почне процесот на враќање на нормала. Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш“, потенцира Спасовски.

Од Владата викендот брифираа дека ќе се заоструваат т.н. „меки мерки” за да не мора да се зајакнуваат рестриктивните. Носењето заштитна маска, марама или шал со кои ќе се покријат устата и носот, од среда ќе биде задолжително во Прилеп, Куманово и Тетово, а почитувањето на мерката ќе го контролира полицијата. Во почетокот ќе се даваат само опомени, но потоа и казни. Според Владата, целта не е да се казнува, туку да се обезбеди почитување на мерките од сите. Доколку мора да се изрече казна, полицијата има обврска да обезбеди фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна.

За да се олабават мерките за ограничување на движењето, оваа обврска (маски/марами) по извесен период би можела да важи и на целата територијата на државата. Во првата фаза (по првомајските празници) тоа би водело кон намалување на полицискиот час, но и натаму ќе останат да важат мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од два метра.

Во зависност од епидемиолошката состојба, во втората фаза (две седмици подоцна), би можело да се започне со отворање на угостителски објекти, но со мерки за дистанца меѓу гостите, а истото ќе важи и за производствените капацитети – почитување на задолжителна дистанца од два метра меѓу вработените.

Србија ги ублажува мерките

Во соседна Србија од денеска се ублажуваат некои од досегашните мерки за заштита од ковид-19. Полицискиот час, наместо во 17 часот, од денска ќе почнува во 18 часот, а граѓаните постари од 65 година ќе можат да излезат на прошетка три пати неделно: во вторник, во петок и во недела, меѓу 18 часот и 1 часот по полноќ, но најдолго половина час во тој период и најдалеку до 600 метри од нивните домови.

Од денеска можат да работат вработените во секторот услуги – автомеханичари, вулканизери, чевлари, кројачи, сервиси за хемиско чистење, обука на возачи, како и трговците, но не и оние во големите трговски центри каде би можеле да се соберат многу луѓе. Сè уште нема да можат да работат ни давателите на услуги кои подразбираат близок физички контакт – фризери, козметичари, теретаните и салите за фитнес.

Во соседна Бугарија, исто така, се очекува дека да има олабавување на рестриктивните процедури, а беше најавено дека за нив ќе се разговара по Велигденските празници.

Бугарија Ковид-19 Македонија мерки предупредување СЗО Србија укинување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.