Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека го поддржува дијалoгот со Приштина и дека се надева на компромисно решение, но не верува дека тоа ќе се случи до крајот на оваа година.

Тој ова го изјави по повод барањето на Брисел, пред пристапувањето на Србија во Европската унија да биде решено прашањето за границата со Косово.

Во интервју за „Спутник“ во Давос, на прашањето, зошто не сака на Србите на Косово да им помогне со вооружување, Вучиќ посочи дека многу е поважно тие да добијат училишта, градинки и поголема економска помош, односно „нешто од што ќе можат да живеат“.

– Мислам дека на луѓето веќе им е доста од сите војни, а тоа, морам да признаат, не го слушам од другите страни, но знам дека на Србите, на српскиот народ, им е доста од војни. Потребен ни е период на мир и стабилност повеќе од што било друго, нагласи спрскиот претседател.