Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вук Драшковиќ: Бомбардирањата на НАТО можеа да се избегнат

0
By Нова ТВ on March 24, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 24, 2019 16:12

Поранешниот вицепремиер на СР Југославија, министер за надворешни работи на државната заедница Србија и Црна Гора и актуелен лидер на Српското движење за обнова (СПО), Вук Драшковиќ изјави дека „војната со НАТО во 1999 година ќе се избегнеше доколку се потпиша договорот во Рамбује за Косово“.

„Доколку Милошевиќ ја прифатеше првата верзија од понудениот договор, Албанците ќе ја одбиеја и ќе беа притиснати од Западот се додека не ја прифатеа. Но, Милошевиќ го одби договорот“, изјави Драшковиќ за весникот „Блиц“ по повод одбележувањето на 20-годишнината од воздушните напади на НАТО врз поранешна СР Југославија.

Драшковиќ наведува дека косовските Албанци попуштиле бидејќи не сакале „да бидат пречка за бомбардирањето“ по што во Белград дошол американскиот дипломат Ричард Холбрук, кој на Милошевиќ му нудел „писмени гаранции дека Косово ќе остане во Србија“.

„Тој го одби тоа, по што Холбрук го праша: Знаете ли што следува? – Милошевиќ ладнокрвно му одговори: Знам, следуваат НАТО бомбите“, изјави Драшковиќ.

Според него, Милошевиќ не сакал да биде постигнат договор туку „само глумел дека го сака тоа“. Драшковиќ оценува дека немало да се случат нападите на НАТО доколку во Рамбује бил потпишан договор.

„Едно е сигурно. Немаше да има бомбардирање на НАТО и веројатно Косово денес ќе имаше статус на автономија, а не статус на независна држава“, истакнува Драшковиќ.

Запрашан дали подоцна дознал нешто за тој период и за војната, а што не го знаел во тоа време, Драшковиќ одговара дека не знаел оти биле убивани албански цивили и нивите тела биле „тајно носени во Србија и тајно погребувани во полициските бази во Белград, во реките и во езерата“.

бомбардирање Вук Драшковиќ годишнина Косово НАТО Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.