Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

 За исто работно место, жените добиваат помали плати од мажите

0
By Нова ТВ on December 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 22, 2017 12:59

Во Македонија жените се за околу 18 проценти помалку платени од мажите за иста работа и исти квалификации, а помалку учестуваат на пазарот на труд од мажите со околу 25 проценти. Исто така, жените поминуваат околу 2,5 часа повеќе работејќи неплатена работа од мажите.

Ова се дел од податоците што ги изнесоа учесниците на тркалезна маса посветена на „Стратегијата за воведување родово одговорно буџетирање – 5 години потоа”. Податоците, сметаат, укажуваат дека постигнатите резултати се недоволни и оти треба да се работи, не само на донесување закони и стратегии, туку и на примена преку соодветно родово одговорно буџетирање.

Министерката за труд и социјална политика истакна дека Владата има вистинска, а не само декларативна заложба за подобрување на состојбите во родовата еднаквост, преку родово одговорно буџетирање, кое, рече, е клучниот показател за реалните залагања.

– Јас како министер и како координатор за воспоставување родова еднаквост ќе се залагам работите да се прават на вистински начин, што би било невозможно доколку го немаме на наша страна Министерството за финансии, кое е вклучено со истата заложба, рече Царовска.

Потенцира дека ќе работат до крајот на манадатот да се воспостават механизми за родово одговорно буџетирање, а буџетите на сите институции да даваат слика како се трошат парите и како влијаат на едната или другата група граѓани.

Доминика Стојановска, раководителка на Канцеларијата на UN Women во Скопје, смета дека за да се види напредокот во унапредувањето на родовата еднаквост и направениот прогрес се потребни специјални индикатори.

– Тоа ќе се прави преку соодветни индикатори кои ќе мерат колку средства се алоцирани за да ја следат и унапредуваат родовата еднаквост. Прогресот нема да се мери по изменети закони и механизми, туку според буџетските алокации, рече таа.

Претставникот од Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ смета дека проблем е тоа што буџетските корисници немаат капацитети да изготвуваат политики сензитивни кон родовите прашања, но и што самиот буџетски процес не е соодтветен или отворен за родово буџетирање.

– Ние сме свесни за ова и работиме на изготвување на нов закон за буџети и кога ќе се смени тој процес на буџетирање и ќе биде воспоставен нов, тој ќе биде поотворен и приспособен за вклучување родови аспекти во буџетот, рече Јовановиќ.

Тркалезната маса се одржа денеска во организација на Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на UN Women во Скопје.

дебата жени истражување мажи плати родова еднаквост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.