Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За одлуките на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ќе се жали кај Управниот суд

0
By Нова ТВ on October 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека одлуките на ДИК да се одбијат приговорите на најголемата опозициска партија за изборни нерегуларности, ќе ги обжали пред Управниот суд.

– ДИК стана соучесник во сето ова, занемарувајќи и релативизирајќи очевидни факти и докази, со што се стави во функција на прикривање на изборните криминали на СДС. ВМРО-ДПМНЕ за сите претставки упатени до ДИК, а одбиени од истата, ќе го искористи правото на жалба пред Управниот суд. ВМРО-ДПМНЕ нема да  дозволи некој да ја уништува демократијата и правната држава во Република Македонија, се вели во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ воедно ги повикува ОБСЕ и ОДИХР да ги нотираат „очевидните криминали“, да застанат на страна на демократијата, правото на глас и слободата како врвни вредности на цивилизираниот свет, да ги осудат и санкционираат „ваквите криминали“.

Партијата тврди дека СДСМ ги организирала најнедемократските избори во историјата на независна Македонија, а целата изборна кампања, според партијата која ја води Никола Груевски, поминала во светло на изборен поткуп, уцена и закани врз гласачите, додека во текот на изборниот ден беше спроведен т.н. бугарски воз, со што кутиите беа полнети со гласачки ливчиња однапред заокружени за СДС.

– ВМРО-ДПМНЕ дополнително ги уверува сите прекршители на законите, кои со цел да се додворат на врхушката на власт вршат изборни криминали и редица други прекршоци дека со враќањето на демократијата и правната држава ќе одговараат за криминалот и штетата нанесена врз граѓаните и државата, се дополнува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ Дик жалби локални избори 2017 СДСМ Управен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.