Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев бара дуел, а Груевски најавува субвенции и спас за весниците

0
By Нова ТВ on November 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 27, 2016 01:24

Лидерите на политичките партии и денеска пред граѓаните ветуваа ралични проекти, ако гласачите одлучат на овие избори да гласаат за нив. Покрај многуте ветувања, бројни беа и обвинувањата кои лидерите на четирите најголеми политички партии си ги упатија еден кон друг.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од Кичево порача дека ќе им помогнат на весниците да опстанат во време во кое ако се нема поддршка од државата тешко се опстојува. Тој најави дека ќе воведат субвенции за весниците.

„Порталите се повеќе добиваат на тежина и значење, весниците се потешко преживуваат. Владата од 2018-та година ќе воведе субвенционирање на весниците по еден правичен критериум кој дополнително ќе биде објавен. Тоа ќе го направи владата која некој ја нарекува недемократска и дека ги гуши медиумите“, рече груевски.

Заев пак од Карпош порача дека вреди што ја објавил вистината за Македонија и го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на дуел.

„Ако не може сам Груевски, нека го земе со себе Сашо Мијалков, нека го земе Никола Тодоров, Трајко Вељаноски. Да го прашам тоа што не можев да го пуштам во бомбите, а граѓаните имаат право да го знаат“, изјави Заев.

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, вечерва одржа митинг во Добри Дол. Тачи го обвини претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека на народот му донел само насилство.

„ДПА ќе работи во две сфери, економски и политички проекти. Економски најважно е да нема дискриминаторски буџет, да има правична и пропорционална распределба на буџетот во државата, да има инвестиции во сите места подеднакво. Се залагаме и за закон за амнестија што ќе го донесеме со цел да не лежат во затвор сите осуденици од монтираните политички случаи. Такви ги има многу зошто ДУИ ни донесе насилство, крв и затвори“, рече Тачи.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва претстави дел од кандидатите за пратеници во шестата изборна единица, на собир на тетовските ограноци на партијата, во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антесвки Смок“ во Тетово.

Според претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Албанците немаат друга алтернатива освен интеграција во ЕУ, бидејќи едногласно се определени да одат напред.

„Ова е наша мисија, се соочивме со многу предизвици и многу луѓе кои не не сакаа, но ги надминавме пречките, сега сме посилни од порано. Борбата продолжува, треба да бидеме свесни дека имаме многу работа. Најважно во новиот мандат е да работиме на подобрување на квалитетот на образованието и нови кадри. Само со знаење и сила можеме да постигнеме многу“, рече Ахмети.

ветувања ВМРО-ДПМНЕ ДПА ДУИ избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.