Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Добивме датум за преговори, одлуката на ЕУ е историска

0
By Нова ТВ on June 30, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: politik.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 30, 2018 11:28

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Дојче веле“ на македонски јазик ја оцени како историска одлуката на Европската унија (ЕУ) за датум за отпочнување преговори за членство на Македонија и Албанија. Притоа оцени дека консолидацијата на ЕУ ќе биде завршена кога ќе бидат прифатени земјите од Западен Балкан.

Запрашан за различните интерпретации на одлуката на Еврокомисијата оти Владата тврди дека станува збор за историски момент додека критичарите оценуваат дека во прашање е само уште едно одложување и разочарување за Македонија, Заев нагласи оти „не постои друг опис на одлуката освен фактот дека е историска“.

„Добивме датум за преговори – јуни 2019. Дотогаш, заедно со нашите пријатели и партнери од Европската комисија, заеднички ќе работиме на остварување на критериумите, односно на имплементација на фазите од Договорот со Грција и финализација на реформите. Многу сме блиску до нашата цел да ги достигнеме стандардите на ЕУ“, рече Заев.

Истакна дека „според досегашните искуства во проширувањето на ЕУ, поглавјата во просек се затвораат во рок од седум години“.

„Препознати сме како земја со силна политичка волја за решавање на спорови со соседите. Земја која придонесува кон консолидацијата на ЕУ. Остануваме на реформскиот пат. Имаме јасна цел пред нас. Н` останува да ја финализираме нашата последна домашна задача – последната фаза од реформите. Потоа, ќе можеме горди да влеземе низ портите на Европа. Сите оспорувања и критики на оваа голема одлука не можат да погледнат подалеку од партиските или други интереси“, вели Заев.

Прашан колку условената препорака ќе го отежни спроведувањето на договорот со Грција, Заев одговори дека „ќе остане силно посветен до крај“.

„Со сите аргументи што ми стојат на располагање ќе докажувам и презентирам дека Договорот со Грција е историски и дека датумот за почеток на преговори е добро заслужен и ќе биде ефектуиран во јуни 2019 година. Противници се оние политички фактори во земјата кои без никаква аргументација ги негираат придобивките и сакаат да се вратат на авторитарните политики во време кога мнозинството граѓани во нашата земја и во земјите од Западниот Балкан сакаат да им се приклучат на ЕУ и НАТО“, вели Заев.

Прашан дали го загрижува тоа што во Грција постои силен отпор и на коалицискиот партнер на премиерот Алексис Ципрас и на опозицијата за тоа да се прифати „македонска нација“ и „македонски јазик“, како што е наведено во договорот, Заев рече дека „фактот што опозициските партии во двете земји се противат на договорот, покажува дека е постигнат добар компромис“.

датум Дојче Веле ЕУ Зоран Заев интервју преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.