Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Извештајот на ЕК е потврда дека сме на европскиот пат

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sdsm.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека се израдувал на Извештајот на Европската комисија, во кој се оценува дека нашата држава остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.

„За мене тоа е потврда дека нашиот народ, Парламентот, Владата ги завршиле своите обврски. Тоа што зависи од нас е завршено и самиот извештај потврдува дека испративме сериозна порака оти продолжуваме на европскиот пат. Веројатно се мисли на Законот за јавно обвинителство и на останатите реформи кои што беа процесуирани преку законите за реформи во јавната администрација, продолжија со доекипирањето на АНБ, на ОТА, на безбедносните служби, а веќе во Парламентот е законот за промена на Агенцијата за разузнавање“, рече Заев на денешната прес-конференција.

Тој притоа го посочи и сериозното работење на Антикорупциска комисија, како и дека борбата против корупцијата и криминалот продолжува со посветено темпо.

„Извештајот денеска е верификуван од страна на ЕК и ќе биде проследен до земјите членки од каде што очекуваме Европскиот совет да донесе позитивна одлука. За мене е важно тоа што беше до нас да го завршиме и го завршивме. Тоа е потврдено и во јуни и во октомври, а сега дополнително е и верификувано дека продолжуваме и покрај историската грешка што и беше направена на Република Северна Македонија на октомврскиот самит на Европскиот совет“, рече Заев.

Заев испрати порака до европските граѓани, до нивните лидери, како и до Европската комисија која, како што рече, веќе ја заврши работата, да го исполнат своето ветување.

„Уште еднаш напоменувам. Ние не очекуваме веднаш членство, по 15 години ние очекуваме одлука за добивање датум за почеток на преговорите и отворање на претпристапните поглавја, каде преку вистински реформи и трансформации ќе може да ги користиме и огромните европски фондови кои ќе го кренат економскиот стандард кај нашиот народ“, истакна Заев.

Лидерот на СДСМ посочи дека не би си дозволил да коментира кога очекува одлука.

„Тоа што го вети Европскиот совет беше не подоцна од мај пред европскиот самит за Западен Балкан во Загреб, што ќе се одржи на 7-8 мај. Ние ќе чекаме кога ќе бидат готови да ја донесат одлуката. Се надевам дека ќе го израдуваат нашиот народ, час поскоро, а ние продолжуваме да работиме“, рече Заев.

Во Извештајот на Европската комисија за исполнувањето на условите за преговори, кој е основата врз која земјите членки на ЕУ треба да одлучат овој месец дали ќе дадат зелено светло за нивно започнување, се оценува дека Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.

Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела. МИА доби пристап до овој кус документ во кој Европската Комисија го разгледува напредокот во клучните реформски области што ги бараат земјите членки.

Документот заклучува дека со оглед на „значајниот остварен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни 2018, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 дека Советот треба да започне преговори со Северна Македонија. Општо земено, Северна Македонија ги зголеми своите напори и испорача опипливи и одржливи резултати во клучните области“. Оттука, Европската комисија порачува дека оценката од 2019 не е променета и дека Северна Македонија треба да започне преговори со ЕУ.

Европска комисија ЕУ Зоран Заев Извештај Македонија преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.