Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Извршната наредба на Бајден е сериозна порака за охрабрување и мотивација

0
By Sashko on June 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Борбата против криминалот и корупцијата навистина ги уништува демократските општества и затоа кога САД, најсовршената демократија пример за сите, ја испраќа оваа чиста порака за нас е сериозна порака на охрабрување. Покрај охрабрување претставува и дополнителна мотивација дека сме на вистинскиот пат, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан за коментар на Извршната наредба од американскиот претседател Џо Бајден за санкции на сите субјекти кои се против Охридскиот и Преспанскиот договор и за сите кои ќе работат против интересите на Западен Балкан.

Поддржувачи сме, посочи Заев, на Преспанскиот договор. Тоа е порака на демократски вредности за кои, како што рече, се бориме и претставува своевидна најголема потврда за вредностите за кои оваа Влада се залага.

– Не е само градењето пријателство, постигнувањето мир и стабилност во регионот, преку дијалог и дипломатија, постигнувајќи ги сите овие договори кои што ги постигнавме прво внатрешно различно етнички сите поставени, па со Бугарија, Грција итн., туку и порано како Охридскиот рамковен договор, рече Заев.

И во едни такви околности, дополни, навистина е испратена порака за еден куп негатори, поткупувачи, блокатори и сл. во државата дека ова е пресериозна работа за некој да може да си прави политиканство на нездрави основи.

Заев изрази задоволство што, како што нагласи, „првиот и најголем стратешки парнер на земјава, САД, преку Бајден, стави фокус и внимание кон Западен Балкна, фокус и внимание кон вредностите за кои се залага оваа Влада и испрати порака кон сите поткупувачи на овие демократрски вредности дека навистина тоа што може САД да го направи, да блокира сметки таму, или да забрани патувања на другите, а не е малку, срамот некој нека го носи, па нека му е со здравје ако се обидува и понатаму тоа да го прави“.

Дефинитивно, наведе премиерот, имаме ветар во грб сите што веруваме во демократијата, во слободите и во отстранувањето на девијантните појави во општеството.

Прашан кому е упатена оваа порака, Заев изјави дека текстот е многу јасен и чист и додаде оти во него може да се препознае прво дека почнува од Преспанскиот договор кој се вреднува. Секако, посчи, вреднува и Охридскиот рамковен договор, за кој оваа година славиме 20 години, резолуциите за Косово, Дејтонскиот за БиХ итн.

– Тоа се договори сите создадени на барање на помош од пријателите, меѓу кои секогаш биле САД. Затоа напорите кои се направени се навистина за обезбедување и гарантирање добра иднина на Балканот и таа до денеска е гарантирана. Нема нови војни, нема најави за нови војни и тоа е многу значајно, но не е доволно, нагласи Заев.

Според него, потребно е уште да се унапредат правата, слободата, транспарентносата, отчетноста, одговорноста, се што е важно за едно демократско општество.

-Посочено гледам токму кај оние што се борат против тоа, односно на директен или индиректен начин гледаат да го минираат, да го оспорат, да го блокираат сета тоа што претставува извесна иднина, едниствена според мене на Западен Балкан и на Северна Македонија, посочи Заев.

Западен Балкан Зоран Заев Македонија наредба Рамковен договор санкции Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.