Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Кратење на плати е непопуларна мерка, но сега е потребно државничко поставување

0
By Нова ТВ on March 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 28, 2020 09:48
Свесен сум дека кратењето на платите во администрацијата е непопуларна мерка, но ова е ситуација во која не можеме да калкулираме, мора да се поставиме државнички и ова да го минеме на нозе, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев во емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат“.
Тој притоа посочи дека израмнување на платата на сите е на линија на солидарноста на граѓаните, односно оние што во последните години имале повисоки примања, логично е повеќе да помогнат на државата.
„Во услови кога се замрзнати кредитите на три месеци, во услови кога целосно се замрзнати извршувањата, логично е, солидарно е, сите да го понесеме овој товар. Зошто? – Богатите биле научени да живеат побогато, па сега наеднаш ќе им стане тешко? – Не, туку тие во оваа ситуација ќе отстапат најмногу од својот приход. Се претпоставува дека овие службеници со повисоки примања имаат акумулација во банка или заштеда дома, затоа што низ годините наназад секогаш земале повисоки плати. Еве на пример, ќе илустрирам со премиерската плата, која во ситуацијава ќе се намали за повеќе од 70 илјади денари. Ако мериме според просечната плата, која во декември била околу 25 илјади денари, тоа значи дека просечно кратиме по 10 илјади денари на секој административец“, појасни Заев.
Додаде дека со кратење на платите во администрацијата практично парите од намалените плати нема да одат во Владата, туку ќе останат во самата институција за да таа може да биде финансиски подготвена да ја преброди економската криза.
„Да го земеме пример претпријатието „Македонски шуми“. Парите што ќе се скратат од вработените таму, се пари кои нема да одат во Владата, туку ќе останат во самото претпријатие, за претпријатието да има финансиска кондиција да ја преброди економската ситуација“, истакна Заев.
Додаде дека сите трошоци во Владата се сведени на минимум со државните возила, мебелот, дневниците на службениците во обид на секој можен начин да заштедат пари за кризата. Посочи дека целиот пакет мерки што го предложиле како партија е насочен кон работниците и кон стопанството, кон тоа да се сочуваат работните места.
„Економската криза ќе има далеку поголеми последици од здравствената и затоа е подобро да се преземат превентивни мерки во духот на солидарноста“, смета Заев.
Според него, не доцни вториот пакет мерки ако се има предвид дека импактот од кризата се очекува во април, а мерките се однесуваат на помош во плати, работници, ликвидност на стопанството за месеците април и мај.
„Најлошо сценарио е да имаме 30-40 проценти наплата за приходи во буџетот, односно ќе недостигаат 60 проценти кои нема да можат да се реализираат. Оттука и предлогот за кратење по принципот на солидарност односно сведување на платите во администрацијата на минимална плата од 14.500 денари. Ако недостатокот е околу 2 милијарди и 200 милиони евра, тоа се некои 60 проценти , добивме усна потврда за 600 милиони од ЕУ , што значи недостигаат уште една милијарда и 600 милиони“, истакна Заев во емисијата „360 степени“ на телевизија „Алсат“.
Заев: Најоптимистичко сценарио за изборите е нивно одржување во јуни

Најоптимистичко сценарио е изборите да се одржат во јуни, доколку се земе во предвид прогнозата дека пикот би бил за еден месец, а периодот на закрепнување уште еден месец, така што во јуни би можело да се одржат избори, но сосема со друга форма на кампања, без големи собири и митинзи, истакна Заев во поглед на можноста за нов датум за избори кои првично беа закажани за 12 април, па одложени поради пандемијата на коронавирус.

Заев посочи дека секое лицитирање со датуми би било погрешно и дека е можно било кој месец од јуни до последниот датум 11 декември, но, според него, тоа сега не може да се предвиди со сигурност.

„Нема поважно од здравјето на луѓето, како и санацијата на економските последици, затоа Тој притоа посочи дека израмнување на платата на сите е на линија на солидарноста на граѓаните, односно оние што во последните години имале повисоки примања, логично е повеќе да помогнат на државатадатумот за избори ќе биде одлучен по завршувањето на кризата“, рече Заев.

Претседателот на СДСМ потсети на успехот на неговата партија која, како што рече, за две и пол години се исполнија две стратешки цели на државата, членството во НАТО и добивање на позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ.

„Добивањето на одлука за почеток за преговори со ЕУ по 15 години чекање е сериозен успех бидејќи, конечно, го завршуваме тој период. Одлуката е многу важна, а добивме и максимум, односно таа е безусловна и самата содржи опис за подготвување на целиот процес до оддржувањето на меѓувладината конференција’, истакна Заев.

Но, според него, најважно во моментот е да справување со кризата со коронавирусот, а за тоа време Република Северна Македонија не треба да бега од своите обврски.

администрација Зоран Заев избори Коронавирус криза плати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.