Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Можна е лидерска средба за ДИК, но и предвремени избори

0
By Нова ТВ on July 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 16, 2018 14:22

Премиерот Зоран Заев  очекува до крајот на  неделава да се заокружи процесот околу датумот, прашањето и карактерот на референдумот за името.

– Овие работи очекуваме до крајот на неделата заедно политичките лидери, претставници на политичките парламентарни партии, да ги дефинираме заради тоа што роковите се се се поблиску, времето е се пократко, ако сакаме да ги фатиме датумите 23 септември, 7 октомври како некои проектирани датуми. Очекувам дека оваа седмица ќе можеме да го заокружиме процесот и околу датумот за референдумот и прашањето и околу карактерот, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања по стартот на изградбата на фабриката на американска „Дура“ во Бунарџик.

Како што рече Заев, продолжуваат разговорите околу  законот за финансирање на политичките партии и изборот на ДИК, делот околу техничка влада, Пржинскиот процес.

Премиерот смета дека заслужува внимание барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори пред да се разговара за членството во НАТО и ЕУ, ако, како што вели, тоа го гарантира успешниот референдумски процес.

– Во секој случај  вредно е за внимание кога опозицијата бара избори. Сум бил опозиција пред една година и знам дека е вредност да се седне да се разговара секако ако ова го гарантира успешниот референдумски процес како процес. Граѓаните ќе си кажат на самиот процес, но ако успее процесот да го достигнеме цензусот да ги мотивираме граѓаните да излезат за едно вакво историско прашање сите опции се отворени па дури и ова, така што заедно тоа ќе го разгледуваме, изјави Заев.

Не исклучува свикување лидерска средба, во случај работните групи на парламентарните партии до крајот на неделава да не постигнат договор.

– Очекувам до крајот на оваа недела работните групи да ги решат работите заради тоа што даваме импакт и ние како лидери. Ако не се случи решение преку работните групи јас би свикал лидерска средба  или кој било од лидерите од парламентарните партии би можел да свика. Редно е до крајот на оваа недела да ги заокружиме овие процеси. Граѓаните очекуваат одговори и од името на граѓаните верувам дека ќе ги дадеме сите овие одговори до крајот на неделава, рече Заев.

За понудата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски Заев да не се повлекува 100 дена пред избори, а, сепак да има техничка Влада, премиерот рече дека  во таква ситуација ќе постапи согласно дефинираното во Законот.

– Во Законот стои дека премиерот  се повлекува 100 дена пред Владата и немам намера буквално да се држам до ова место ако тоа така е дефинирано во законот. Јас сум релаксиран човек и тоа ќе ми даде повеќе  време за кампања за избори кога и да се случат, рече Заев.

Потенцираше дека за се треба да се разговара.

– Ставовите во делот на техничката влада ги образложувам секогаш  со аргументи. Ние добивме техничка влада во пржинскиот процес за сметка на тоа што престанавме со објавување на бомбите и што ги предадовме во Специјалното јавно обвинителство. Јас не го гледам досега аргументот  зошто тоа да се  бара заради тоа што тогаш СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дефинираа закон каде премиерот  во сите изборни циклуси се повлекува. Сега ова барање наеднаш излегува на површина и би сакал  деновиве да  ги слушам аргументоте зошто е тоа така, наведе Заев, дополнувајќи дека сака да ги слушне аргументите што тоа  ВМРО-ДПМНЕ ќе направи за  СДСМ или владејачкото мнозинство отстапи.

– Ако се подготвени за евроатлантската иднина на нашата заедничка Македонија зад која стоиме сите, тогаш стојам на располагање да разговараме за се. Но мора да дефинираме,  ако сме за НАТО и ЕУ тоа да го поддржиме. Не може да бидеме за НАТО и ЕУ, а да бидеме против ваквите процесите кои ја донесоа Македонија пред НАТО и ЕУ. Чесно е сите лидери да ги заземат своите позиции, да излезат на површина, на чисто, заради тоа што тоа е најмалку што им го должиме на граѓаните, рече Заев.

Во коментар на тврдењата дека руски бизнисмени ги потпалувале протестите во Македонија премиерот  упати  на добиените извештаи по разговорите во полицијата со дел од учесниците во протестите пред Собранието.

– Зборувам од тоа што го слушам во извештаите што ги добиваме. Знаете тие млади момчиња „комити“ кога нападнаа полицајци беа повикани во полицијата на исказ, па спомнуваа бизнисмени од Русија дека давале пари, заради тоа се тука и оти немаат ништо против или слично, рече Заев.

Македонија, дополни, е мала земја и сака да гради пријателство со сите, вклучително и со Руската федерација.

– Мора уште еднаш да потврдиме нема алтернатива за Република Македонија освен рамноправно членство во ЕУ и НАТО. Од тој аспект секогаш ќе бидеме со доза на внимание и навистина нема да дозволиме да се поминат меѓународните договори, декларации, резолуции, применети во Македонија во делот на таквиот однос, заради тоа што дигнитетот на државата е многу важен. Како што ние го почитуваме насекаде во светот, така сакаме да биде почитувани и овде во Македонија, изјави Заев.

Дик Заев избори опозиција референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.