Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Оптимист сум за решение достоинствено за двете страни

2
By Нова ТВ on January 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 19, 2018 13:28

Претседателот на Владата Зоран Заев смета дека ќе биде најдено решение за проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.

– Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поблиски, ќе се изнајде решение каде ќе се сочува достинството на двете страни, а ќе биде придобивка за граѓаните на двете земји, рече тој одговарајќи на прашања на новинарите.

Тој забележа дека за суштината на разговорите, предлозите, рамката што е испорачана не би требало јавно да се зборува за да не се уништат шансите во преговорите.

– Гледате дека се води транспарентен процес, сакаме национален консензус да го изградиме решението и на крајот граѓаните на референдум да го потврдат, убеден сум дека ако бидеме внимателни, па и да водиме сметка и за грчката страна ќе најдеме решение за ова прашање што не измачува 25 години, рече тој.

Што се однесува на одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да стави вето на Законот за јазиците, Заев рече дека се што е донесено во Законот во насока на унапредување на јазиците е согласно Амандманот 5 од Уставот на РМ.

– Вредно е да се заложиме за едно опшество за сите, Македонија е мајка на сите граѓани, треба да подадеме рака, да имаме доверба во институциите. Доколку нешто не е согласно Уставот, постои Уставен суд, ќе се произнесе со мислење и Венецијанската комисија. Треба да внимаваме и со пораките сите затоа што треба и ова политичко прашање прашање да спласне за да се посветиме за подобар живот и перспактиви за сите, нагласи тој.

Претседателот на Владата рече дека е повеќе од задоволен од посетата на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Македонија, како и од охрабрувачките пораки што ги пренесе тој.

– Генералниот секретар испрати охрабрувачка порака, но истовремено тоа претставува и обврска за спроведување на реформите. Треба да ги сработиме реформите, тие не се услов за НАТО, но тие се услов за благопријатна состојба на граѓаните и нивниот живот. Треба да го сработиме тоа, знаете дека услов е решавање на проблемот што Грција го има со нашето уставно име, но се надевам дека оваа година Македонија може да ја добие поканата да биде 30-та членка на НАТО, рече Заев.

Тој апелираше и до граѓаните и до медиумите да бидат трпеливи.

– Треба да бидеме посветени, се што ќе правиме ќе биде проверено на референдум. И ние и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии имаме или исти или приближни ставови по тоа прашање…Ќе водиме грижа за нашиот идентитет, за достоинството на нашиот народ, но мораме да водиме грижа и за сегашните и идните генерации, истакна тој.

Премиерот потврди дека веќе е договорена средба со неговиот грчки колега Ципрас на 24 овој месец во Давос.

вето Грција Давос Заев Иванов името преговори Столтенберг Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.