Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Убеден сум дека ќе формираме влада со четиригодишен мандат

0
By Нова ТВ on August 4, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sdsm.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изрази убеденост дека ќе успее да формира стабилна и успешна влада со мандат од четири години.

„Ова го темелиме врз основа на бројкит што се доволно големи за да бидат гаранција за стабилна влада. Вториот аргумент е моето лично верување во успехот на работењето на оваа влада во услови кога немате проблем со Грција, немате проблем со Бугарија, а внатрешно Македонци, Албанци и сите други заедници ги имаме надминато најголемите проблеми кои ни се влечеле во минатото. Сега останува мегданот да работиме дома. Тоа е мој терен. Повеќе министер за надворешни работи нема да биде Зоран Заев, ќе си има министер за надворешни работи. Очекувам да работиме дома“, истакна Заев по завршување на конститутивната седница на Собранието.

Мојата лична верба, рече тој, но и на раководството на СДСМ и на нашатга коалиција „Можеме“ е втората сериозна гаранција за четири успешни години.

„Верувам дека ќе растеме во квалитетот за живот на нашите граѓани и ова е сериозна гаранција, покрај бројките кои мора да бидат, секако, стабилни за четиригодишен мандат“, истакна лидерот на СДСМ додавајќи дека големата бројка може да биде постигната и со ДУИ и со Алијанса и со Алтернатива.

Тој најави дека во новата влада ќе бидат укинати министрите без ресор, ветување од предизборната кампања.

„Ветивме во самата кампања дека министрите без ресор ќе ги скратиме. Тоа значи дека министрите кои се бираат без ресор, а се сектор за европски прашања и потпретседател на Влада за економски прашања се наоѓаат на разгледување, но сите други ќе се намалат.
Државата по Законот за Влада има 16 министерства, дополнително тие што беа 26 ќе бидат намалени како министри во Владата“, истакна Заев.

Тој изрази уверување дека ќе создадат стабилна Влада што ќе трае четири години и која ќе се зафати со проблемите дома, пред сè со правдата и сo економијата.

„Јас сум многу среќен по сите историски одлуки што ги донесовме, а тоа е решен проблем со Бугарија, решен проблем со Грција, Северна Македонија е членка на НАТО, Северна Македонија по 15 години доби одлука за почеток на преговори и од претседавачот Германија, преку канцеларката Ангела Меркел е најавено дека до крајот на годината за време на германското претседателство ќе ги отвориме првите поглавја. Го донесовме Законот за употребата на јазиците, етнички ја смиривме душата на нашата заедничка земја, успесите што ги постигнавме на меѓународен план беа пропратени со сериозни успеси на домашен план“, потенцира лидерот на СДСМ.

Тој нагласи оти е убеден ден успесите и плодовите од тие успеси ќе ги жнеат сите граѓани поднеднаково на нашата земја.

„Успесите се дефинирани на крајот со суперлативи во делот на зборовите од целиот свет. Апсолутно за мене најголемиот суперлатив го дадоа граѓаните“, рече Заев.

На прес-конференцијата по конститутивната седница, тој потенцира дека започнува процесот на разговори за формирање на ново парламентарно мнозинство и нова Влада која во наредните четири години ќе служи на граѓаните и на државата.

„Почнуваме разговори со претседатели на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите ќе имаат средба и во еден период од 10 до 15 дена од очекуваме да има и резултати од самите преговори. Низ самиот преговарачки процес ќе утврдиме во кој правец треба да ги градиме идните политики. Денеска јавно ги обелоденив принципите на кои ќе разговараме за идната македонска влада и верувам дека врз основа на тие принципи, на еден мудар и паметен начин, ќе обезбедиме парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник. Верувам дека ќе обезбедиме стабилно парламентарно мнозинство што ќе гарантира стабилна влада со намера да опстои четири години, нешто што е важно и за економијата и за граѓаните“, посочи Заев.

Во однос на коалицирањето со други политички партии, претседателот Заев посочи дека сите опции се отворени и дека процесот на разговори ќе го даде правецот за тоа кој би се приклучил на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во постоизборна коалиција.

„Да оставиме времето да покаже со кого ќе може да направиме коалиција, односно парламентарно мнозинство што ќе ја сочини Владата. Граѓаните преку гласањето ги даваат правците и очекувањата, коалицијата предводена од СДСМ може да формира влада и со ДУИ и со Алијанса и со Алтернатива. Зависи од отстранувањето на национализмот, зависи од цело едно поглавје за разработка на прочистување на правосудството, проверка на имотот, капиталот на секој политичар и функционер кој ќе биде избран, кадровскиот потенцијал, пред сè, за правните аспекти, но и за економските аспекти на државата. Ќе ги разгледаме сите можности, добро ќе одмериме и на крајот ќе ја донесеме одлуката. Сите опции се отворени во текот на овој преговарачки процес. Ако носиме свои суети, тие може да ги оставиме дома, за да можеме да им служиме на граѓаните и на државата“, заклучи Заев.

Влада Зоран Заев Избори 2020 Коалиција „Можеме“ мнозинство СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.