Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев во официјална посета на Србија

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев попладневно заминува во Белград во прва официјална посета на Република Србија. Посетата е на покана на српската премиерка Ана Брнабиќ.

Како што соопшти владината прес-служба, покрај премиерот Заев, во делегацијата се и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски.

Главна тема на разговорите ќе биде договорот и подготовките за одржување на заедничката седница на двете влади, која би требало да се одржи во Белград.

Работниот дел од посетата почнува утре со тет-а-тет средба со премиерката Ана Брнабиќ.

По средбата со Брнабиќ двете владини делегации, предводени од премиерите потоа ќе одржат заедничка пленарна средба, на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите. Од српска страна на средбата најавено е учество на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и министерот без ресор задолжен за иновации и технологија Ненад Поповиќ.

Владината делегација, предводена од Заев ќе биде примена и од претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Во рамки на посетата на Белград, Заев ќе се сретне и со претставници на македонската заедница во Србија, кога ќе предаде донација на соодветна литература по македонски јазик, лектири и помошни наставни средства со цел на зајакнување на процесот на изучување на предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура“.

Српските медиуми објавија дека Заев ќе се сретне и со Драган Шутановац, лидер на опозициската Демократска странка, која е сестринска партија на СДСМ во Европскиот парламент и со која од порано има развиена соработка.

Посетата на премиерот Зоран Заев на Белград доаѓа по тензиите меѓу двете држави, што започнаа со изјавата на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ на почетокот на годинава дека Србија направила грешка што ја признала Македонија под уставното име, а не како БЈРМ, поради најавите дека Македонија ќе гласа за прием на Косово во УНЕСКО.

Тензиите продолжија и за време на претседателската кампања во Срија кога тогашниот преиер и кандидат за претседател, сегашниот претседател на Србија Александар Вучиќ изјавуваше дека „не сака македонско сценарио“.

Односите кулиминираа со аферата со српскиот разузнавачот Горан Живаљевиќ кој работеше во Амбасадата на Србија во Скопје и кој беше во Собранието за време на настаните од 27 април и повлекувањето на дипломатскиот персонал од српската Амбасада во Скопје на 20 август.

Дипломатскиот спор кој траеше 48 часа, а се однесуваше на наводно прислушување на Амбасадата и персоналот, беше решен со директни разговори меѓу претседателот на Србија и премиерката на Србија Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ со македонскиот премиер Зоран Заев, и со средбата на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Ивица Дачиќ.

Српската премиерка Ана Брнабиќ на 26 август на Средбата на премиерот од Западен Балкан во Драч го покани македонскиот премиер Заев да ја посети Србија во ноември.

Вучиќ Заев посета Србија тензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.