Одлична ждрепка за Шкендија, поволна за Работнички за третото коло квалификации за УЕФА Европа лигата. Двата македонски претставника во натреварувањето добија ривали кои оставаат надеж за ново учество во плеј-офот за место во групната фаза.
Ова, од резултатски аспект, особено важи за тетовци кои имаат големи 3:1 против Хелсинки пред реваншот во Финска. Доколку се покажат доволни за победа во двомечот, тогаш „црвено-црните“ во третото коло ќе играат со подобриот меѓу Норчепинг и Тракаи од Литванија. Шведскиот тим славеше во првата средба како домаќин со 2:1.
Добро мина и Работнички на денешното извлекување во Нион со оглед дека ги избегна фаворитите во групата 5 како Зенит, Олимпик Марсеј, Брага, Фрајбург. Дебармаалци би можеле да играат со победникот од пресметките меѓу Корк Сити и АЕК Ларнака. Кипарците се поблиску до пласман во наредната рунда со оглед на синоќешниот триумф во Република Ирска со 1:0.
Тимот од Градски парк, сепак, ќе мора да одигра на повисоко ниво во Минск за разлика од вчера попладне со оглед дека Динамо понесе 1:1 од Скопје, резултат што го става во поповолна позиција од составот на Виктор Треневски.
Комплетни двојки за 3 коло во Лига Европа
Група 1
ПСВ Ајндховен – Осиек/Луцерн
Норчепинг/Тракаи – Шкендија/Хелсинки
Краснодар – Слован Братислава/Лингби
Штурм/Младост Подгорица – Фенербахче
Панатинаикос – Габала/Јагиелонија
Група 2
Шамрок Роверс/Млада Болеслав – Каират/Скендербег
Австрија Виена – Нидеркорн/АЕЛ Лимасол
Динамо Загреб – Вадуц/Одд Гренланд
Динамо Букурешт – Атлетик Билбао
Олимпик Доњецк – ПАОК
Арка Гдиња – Ференцварош/Митјиланд
Група 3
Естерсунд/Галатасарај – Интер Баку/Фола Еш
Бордо – Калју/Видеотон
Макаби Тел Авив/Рејкјавик – Паниниос/Горица
Валета/Утрехт – Хаугесунд/Лех Познањ
Крајова – Милан
Брондби/ВПС – Хајдук/Левски
Група 4
Гент – Алтах/Динамо Брест
Астра/Зира – Олександрија
Евертон – Ружомберок/Бран
Абрдин/Широки Брег – Аполон/Зарија Балти
Иртиш/Црвена звезда – Спарта Прага
Беитар Ерусалим/Ботев – Маритимо
Група 5
Зенит – Тренчин/Бнеи Јехуда
Олимпик Марсеј – Остенде
Фрајбург – Валур/Домжале
Корк Сити/АЕК Ларнака – Работнички/Динамо Минск
Железничар/АИК Стокхолм – Брага
Лиепаја/Судува – Сион
Првите мечеви се закажани н 27 јули, реваншите на 3 август