НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седница по 27.април – “крвавиот четврток“ како да не се ни случил

1
By Влатко Чаловски on May 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешната седница во Собранието на Република Македонија, прва по 27.април односно “крвавиот четврток“ помина главно со фокус на програмата на новата влада која пред народните претставници ја презентираше мандатарот Зоран Заев.

Пред почетокот на седницата, од новинарските екипи најголема заинтересираност имаше за изјави за пратениците кои се чекаа пред службените влезови, каде што пред се’ се чекаа пратениците кои ги отворија вратите на 27.април за демонстрантите да влезат внатре.

Но и денес многу прашања останаа неодговорени, бидејќи ниту еден од пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска не влезе од влезот каде што беа новинарите.

Еден куп прашања од новинарите останаа неодговорени и поради тоа што во прес-центарот не се појави ниту еден пратеник а дипломатскиот кор “ја окупираше“ галеријата за новинари.

Собранискиот спикер, Талат Џафери, својата нова функција ја започна со образложение дека се’ додека не се дефинира законот за употреба на јазиците, тој седниците ќе ги води на македонски јазик, но она што е интересно е што, имаше двојно својство, односно на пратеник и на претседател на Собранието, што му беше наметнато од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Употребата на албанскиот јазик е деловничко право на Џафери како пратеник во Собранието, а како пратеник уште од почетокот на седницата го условија Илија Димовски и Антонијо Милошоски.

На седницата присутен беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во својство на сегашната функција која ја има – пратеник, кој од левата, опозицската страна, седеше до Димовски и Милошоски, меѓу тоа ниту еднаш не се јави за збор. Веднаш позади нив беше досегашниот спикер Трајко Вељаноски.

Иако говори имаше од пратениците на сите политички партии, не можеше да не се забележи фактот дека ниту еден од опозицијата не се осврна на нападот врз нивните колеги на 27.април, туку главно зборуваа како во владата која ја предлага мандатарот Зоран Заев, имало лош економски тим кој немало да постигне ништо.

Димовски, Милошоски и Влатко Ѓорчев уште на своите колеги “им даваа совети“ со какви предизвици ќе се соочеле идниот премиер Заев и министрите, особено во Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски.

За “крвавиот четврток“ дури при крајот на денешната расправа највпечатливи беа говорите на пратениците Петре Шилегов и Фросина Ременски.

„Почитуван претседателе на Собранието, почитуван мандатаре, почитувани кандидати за министри, почитуван пратенику Влатко Ѓорчев, ултранепочитувани нарачатели на нападите, квази-лекари, вратари, убијци…“

Вака пратеникот Петре Шилегов се обрати пред своите колеги во Собрание пред да го започне својот говор во кој побара извинување од опозицијата и во кој на мандатарот и на министрите им порача дека иако се од иста партија, ќе мора заедно да работат за да ги исполнат ветувањата кои им ги дале на граѓаните.

Но и на ваквиот “влез“ на Шилегов одговор изостана, кој можеби ќе го добие утре кога седницата ќе продолжи во 12 часот а прв за говор е Димитар Стевананџија од ВМРО ДПМНЕ.

Пед да ја затвори седницата, Џафери упати опомена, како што тоа го направи неколку пати во денот, дека каснење не смее да има.

„Ако не дојдете во 12 часот навремено, ќе продолжиме со работа без вашиот говор“, рече Џафери.

На денешната седница беа присутни сите министри кои во иднина треба да раководат со државата на чело со новиот премиер, а од нив најголеми “пофалби“ од опозцијата главно сочинета од ВМРО-ДПМНЕ, доби кандидатот за министер за здравство од Алијансата на Албанците – Арбан Таравари.

Антонијо Милошоски Влада Зоран Заев Илија Димовски Никола Груевски Петре Шилегов програма Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.