Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се „прошетаа“ во мечевите од второто коло на Ролан Гарос. Србинот со 6:1,, 6:4, 6:3 го порази Жоао Соуса од Португалија, Шпанецот со ист резултат го елиминира Робин Хасе од Холандија. Пласман во третото коло по три одиграни сета остварија и Доминик Тим и Григор Димитров, а нешто повеќе од нив на теренот се задржаа Милош Раониќ и Давид Гофан.
„Работите се движат во добар правец. Задоволен сум од настапот, се подобрувам од ден во ден. Сигурен сум дека ќе биде во ред“, изјави Ѓоковиќ по вториот настап во Париз.
Негов нареден ривал ќе биде Аргентинецот Диего Шварцман кој во второто коло го совлада Стефано Наполитано со 6:3, 7:5, 6:2.
„Тој е еден од најбрзите и најексплозивни играчи во АТП турот. Добар е на земја, подлога на која има неколку победи со добри тенисери. Има, секако, и недостатоци што ќе се обидам да ги искористам“, додаде српскиот тенисер пред третиот натпревар на Отвореното првенство на Франција.
Мугуруза продолжува со одбрана на тронот, олимписката шампионка Пуиг и Цибулкова во аут
Дел од парискиот гренслем останува и Гарбине Мугуруза, бранителка на трофејот кај дамите. Шпанската тенисерка во второто коло ја доби Естонката Анет Контавеит со 6:7, 6:4, 6:2 и во наредното ќе игра со Јулија Путинцева од Казахстан.

„Не се предадов по губење на првиот сет и негатива со 3:1 во вториот. Си помислив дека може да загубам и не дозволив да паднам туку напротив се издигнав. Контавеит, да бидам искрена, одигра одлично, ги користеше шансите, па мене ми преостана борба за пресврт и победа. Ме порази не така одамна и бев свесна дека овојпат мора да сменам нешто, нешто во добар правец. Го применив и победив“, рече актуелната шампионка на Ролан Гарос.
Втората пречка ја совлада и Венус Вилијамс која ѝ препушти четири гема на Јапонката Нара (6:3, 6:1), но не и Моника Пуиг, освојувачка на златниот медал на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро. Подобра од Порториканката беше Јелена Остапенко од Летонија која славеше со убедливи 6:3, 6:2.

На женскиот турнир продолжуваат и Кристина Младеновиќ, Венус Вилијамс, Каролина Возњацки, Саманта Стосур. Меѓутоа не и Петра Квитова, 15 носителка, која загуби (6:7, 6:7) во дуелот со Бетани Матек Сандс и Кики Бертенс, 18 рангирана тенисерка во Париз, по поразот (3:6, 6:7) од Американката Катрин Белис која беше кобна за Лина Ѓорческа во кваификациите за Ју-Ес опен во 2016 година.
Изненадување приреди Тунижанката Онс Жабер која со 6:4, 6:3 славеше над Доминика Цибулкова.
Ролан Гарос – Комлетни резултати од натпреварувачки ден 4
МАЖИ, 2 КОЛО
Ѓоковиќ (2., Србија) – Соуса (Португалија) 6:1, 6:4, 6:3
Надал (4., Шпанија) – Хасе (Холандија) 6:1, 6:4, 6:3
Тим (6., Австрија) – Болели (Италија) 7:5, 6:1, 6:3
Димитров (11., Бугарија) – Робредо (Шпанија) 6:3, 6:4, 7:5
Раониќ (5., Канада) – Дутра Силва (Бразил) 4:6, 6:2, 6:3, 6:4
Гофан (10., Белгија) – Стаховски (Украина) 6:2, 6:4, 3:6, 6:3
Рамос Винолас (19., Шпанија) – Бонзи (Франција) 6:2, 6:1, 6:1
Зебалјос (Аргентина) – Карловиќ (Хрватска) 7:6, 7:6, 6:3
Џонсон (25., САД) – Чориќ (Хрватска) 6:2, 7:6, 3:6, 7:6
Шварцман (Аргентина) – Наполитано (Италија) 6:3, 7:5, 6:2
Басилашвили (Грузија) – Троицки (Србија) 7:6, 7:6, 7:6
Гарсија Лопез (Шпанија) – Трунгилети (Аргентина) 7:5, 6:4, 7:5
Пуе (16., Франција) – Белучи (Бразил) 7:6, 6:1, 6:2
Карено Буста (20., Шпанија) – Даниел (Јапонија) 7:5, 6:4, 4:6, 6:0
МАЖИ, 1 КОЛО
Оливо (Аргентина) – Цонга (12., Франција) 7:5, 6:4, 6:7, 6:4
ЖЕНИ, 2 КОЛО
Жабер (Тунис) – Цибулкова (6., Словачка) 6:4, 6:3
В. Вилијамс (10., САД) – Нара (Јапонија) 6:3, 6:1
Мугуруза (4., Шпанија) – Контавеит (Естонија) 6:7, 6:4, 6:2
Младеновиќ (13., Франција) – Ерани (Италија) 6:2, 6:3
Матек Сандс (САД) – Квитова (15., Чешка) 7:6, 7:6
Белис (САД) – Бертенс (18., Холандија) 6:3, 7:6
Возњацки (11., Данска) – Абанда (Канада) 6:0, 6:0
Стосур (23., Австралија) – Флипкенс (Белгија) 6:2, 7:6
Мертенс (Белгија) – Хогенкамп (Холандија) 6:3, 6:4
Цуренко (Украина) – Макарова (Русија) 6:2, 6:2
Роџерс (САД) – Бујукакчај (Турција) 7:6, 6:4
Остапенко (Летонија) – Пуиг (Порторико) 6:3, 6:2
Жанг (32., Кина) – Саснович (Белорусија) 6:2, 4:6, 6:3
Путинцева (27., Казахстан) – Ларсон (Шведска) 6:3, 1:6, 6:3
Башински (30., Швајцарја) – Бренгл (САД) 6:0, 6:2