НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп ги повлече САД од Парискиот договор за климатски промени

1
By Нова ТВ on June 1, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД се повлекуваат  од Парискиот договор за климатските промени.

-Со цел да ја исполнам мојата света должност да ја заштитам Америка и нејзините граѓани, САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор, изјави Трамп, соопштувајќи ја одлуката во попладнево во Роуз гарден во Белата куќа.

Тој рече дека САД се подготвени да почнат преговори за повторно потпишување на Парискиот или на некој друг климатски договор,но „под услови што се фер за САД“.

Објаснувајќи ја својата одлука Трамп рече дека спроведувањето на договорот ќе ги чинеше САД трилиони долари и стотици илјади загубени индустриски работни места, со масивни намалувања на производството на хартија, цемент, железо и челик, јаглен и природен гас.

-Почнувајќи од денес, САД ќе престанат со спроведувањето“ на париската спогодба и „драконскиот“ товар од неа, рече тој.

Договорен во 2015 година, Парискиот договор потпишан од речиси 200 држави во 2016 година, кој се смета за голем успех од неговиот претходник, Барак Обама. Негова цел е драстично да го намали јаглерод диоксидот и другите гасови од потрошувачката на фосилни горива, со цел да се забави глобалното затоплување. САД се заложија до 2025 година да ги намалат емисиите до 28 проценти од нивоата од 2005 година. Кина во моментов е најголем емитувач на јаглерод во светот, а САД се веднаш зад неа.

Канада, Европската Унија и Кина рекоа дека тие ќе ги почитуваат своите обврски кон договорот дури и ако САД се повлечат, објави Ројтерс.

Во средата градоначалникот на Бостон соопшти дека Меѓународниот климатски самит што требаше да се одржи во овој град следниот месец е откажан поради немање поддршка од федералната влада.

Над десет водечки светски корпорации – меѓу кои и Епл, Фејсбук, Гугл и Мајкрософт – вчера испратија писмо до Трамп во кое го повикуваат да остане во Парискиот договор и велат дека тој е од корист и за економијата и за животната средина.

Париски договор за климатски промени повлекување САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.