НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов од Словенија: Крајно време е Македонија да влезе во ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on June 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членство на Република Македонија во НАТО, почеток на преговорите со Европската унија, продлабочување на соработката во сферата на безбедноста со цел стабилен регион, воздржување од радикална националистичка реторика и немешање во внатрешните работи на државите, се клучните пораки кои претседателот на Ѓорге Иванов ги искажа на состанокот на лидерите на Брдо ­Бриони процесот, што се одржува денеска во Брдо кај Крањ во Словенија.

Иванов истакнал дека националистичката реторика негативно влијае на добрососедските односи, а мешањето во внатрешните работи на соседните држави создава тензија. Според Иванов, суштината на процесот Брдо Бриони е регионот низ дијалог и со заемно почитување да ги решава предизвиците и проблемите. Иванов истакнал и дека долгогодишната „статус кво“ состојба во интеграциите ја продлабочила кризата во Македонија и им дала алиби на политичарите да застранат од зацртаниот европски пат.

принтскрин

„Една од клучните причини за стагнацијата, дури и за ретроградните процеси во регионот е недоволниот ангажман и недоволното внимание на ЕУ. Разбираме целосно дека ЕУ се соочува со повеќе кризи, но истовремено ЕУ не треба да дозволи уште една балканска криза“, порачал Иванов.

Тој ја повикал Европската Унија да извлече поуки за ефектите од досегашниот пристап кон Македонија и регионот, како и да изнајде креативен и иновативен начин особено за отворање на поглавјата 23. и 24., потенцирајќи дека отворањето на преговорите за правосудство, основните права, правда, слобода и безбедност ќе го дадат неопходниот поттик за интензивирање на реформските процеси.

„Крајно време е ЕУ да го промени пристапот кон Република Македонија и кон регионот. Крајно време е безбедносните служби да продолжат да соработуваат за сите да бидеме побезбедни“, рекол Иванов пред лидерите од регионот.

Иванов предложи на следниот самит на Брдо­Бриони процесот што треба да се одржи во Македонија, како специјален гостин да биде поканет премиерот на Грција Алексис Ципрас, претставници од Република Бугарија како претседавач со ЕУ, официјални претставници од ЕУ и Кралот на Јордан Н.В. Абдула, имајќи ги предвид безбедносните предизвици и проблемите поврзани со мигрантската криза, како и потребата за соработка со трети држави во однос на безбедноста.

Во однос на економијата, државите од Брдо­Бриони процесот се обврзуваат на продлабочување на економската соработка како придонес во сеопфатна заложба за стабилност и просперитет. За таа цел, мора да се вложува Југоисточна Европа да биде поатрактивна за инвестиции во транспортот, енергетската и дигитална инфраструктура, стои во заклучоците.

На состанокот на лидерите на Брдо ­Бриони процесот, чија домаќин е Словенија, учествуваат претседателите на Германија, Србија, Црна Гора, Косово Хашим Тачи, Албанија и Босна и Херцеговина.

Брдо Бриони Ѓорѓе Иванов ЕУ НАТО претседатели
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.