Кире Лазаров и Борко Ристовски си одат од Келн без медал на градите. Веспрем ја совлада Барселона, во натпревар за третото место на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони, со 34:30 (полувреме 18:17) за бронза за унгарскиот претставник во последниот меч на клупата на Шпанецот Чави Сабате.
Веспрем имаше и плус десет (32:22) во 54 минута за Каталонците, во продолжение, да врзат шест гола и да избегнат резултатска катастрофа на крајот.
Арон Палмарсон го заврши малото финале како најефикасен играч на теренот со осум погодоци, по шест реализираа Лекаи и Угалде. Први стрелци во тимот на Барселона беа Ентрериос и Ривера кои по пет пати ја тресеа противничката мрежа, Кире Лазаров постигна три гола од девет упатени удари.