Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоилов: Знаевме што треба да правиме, одбраната и голманот пресудија

0
By Нова ТВ on June 4, 2017 СПОРТ
Фото: ehffinal4.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 4, 2017 23:40

Стојанче Стоилов ќе остане забележан во историјата како капитен на тимот што ѝ го донесе на Македонија првиот европски шампионски трофеј во клупскиот ракомет. Фајналфор турнирот во Келн го заврши без постигнат гол, но неговиот придонес во бедемот пред Арпад Штербик беше за чиста десетка. Беспоштедно се бореше со противничките играчи на Барселона и на ПСЖ, машки го издржа „ќотекот“ од нив и беше непоколеблив во дуелите и во затворање на приодите кон голот.

„Горд што сум капитен на овој тим. Момците покажаа карактер. Македонскиот машки ракомет за првпат во историјата освојува ваков медал. Не можам да објаснам како се чувствувам, веројатно исто се чувствуваат сите што беа со нас и во полуфиналето и во финалето“, рече Стоилов по големата победа во финалето.

Вардарци одиграа два инфаркт натпревара во „Ланксес арената“ во Келн. Двата ги добија со последниот замав, заслужено го подигнаа трофејот за дефинитивна потврда дека нивното учество на завршниот турнир не беше случајно туку дојде како плод на макотрпна работа на долг рок.

„За финалето знаевме дека ќе биде исто како и полуфиналето. Барселона и Париз се екипи со иста сила, со ист квалитет. Знаевме што треба да правиме, правевме и успеавме. Се боревме цел натпревар, одбраната и голманот пресудија како што се надевавме и очекувавме. Тоа е основа во ракомет. Се надевам дека го израдувавме цел град и цела Македонија“, дополни вардаровиот капитен.

Вардар Лига на шампиони ракомет Стојанче Стоилов Титула
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.