Четворица играчи од шампионскиот состав на Вардар, еден од сребрениот на ПСЖ и двајцата од бронзениот на Веспрем се најда во идеалниот тим на Фајналфор турнирот во ракометната Лига на шампиони (ЛШ).
Честа на биде на голот ја доби Арпад Штербик, Тимур Дибиров е најдоброто решение за лево крило, на спротивната страна од него се најде Иван Чупиќ, момчето чие дело беше голот за титула во големото финале во Келн, а позицијата десен бек ја пополнува Алекс Душебаев кој од наредната сезона се сели во Кјелце.
Исландскиот репрезентативец во дресот на Веспрем, Арон Палмарсон е најдобар среден бек на завршниот турнир, a неговиот клупски колега од Шведска, Андреас Нилсен ја доби битката со конкуренцијата за местото кружен напаѓач.
Дрим-тимот на Фајналфор турнирот во „Ланксес арена“ го комплетира Данецот Михел Хансен од ПСЖ на левата бековска позиција. Признанието за најкорисен играч заврши за вардаровиот голман, Штербик.