Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политико: Кој е човекот на Путин задолжен за Балканот

1
By Нова ТВ on June 21, 2017 СВЕТ
Николај Патрушев
Николај Патрушев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 21, 2017 21:25

Не е ништо ново ако се каже дека последните неколку години Русија е поприсутна на Балканот со свои разни дипломатски претставници од најразлични профили.

Таков е и Николај Патрушев, човек на Кремљ кој својата кариера ја гради како разузнавач, а важи за близок човек на претседателот на Русија Владимир, Путин.

Како што пишува во својата анализа медиумот „Политико“, Патрушев е на чело на рускиот Совет за безбедност, а познат е по своите националистички убедувања и широкото разузнавачко искуство.

Според „Политико“, иако надворешната политика јавно му е оставена на Сергеј Лавров, сепак одлуките ги носи мал тим од разузнавачи и воени лица кои се во тесна врска со Путин.

„Русија постојано се трансформира во организација каде индивидуалци имаат задачи и одговорности кои некогаш и можеби не ги заслужуваат“, вели Марк Гаљоти, експерт за службите на Русија и истражувач во Институтот за меѓународни односи во Прага. „Патрушев дефинитивно е еден од таквите кои мислат дека Русија е во егзистенцијална борба“.

Николај Патрушев влегува во КГБ во 1974 година а во 1990 година се сретнал со Путин. По 10 години во руската служба преминува во Советот за безбедност и има големо влијание. Сепак јавноста не знае многу за него бидејќи претежно работи во сенка.

Написот за Патрушев на „Политико“ доаѓа во време кога Русија применува поинаква стратегија на Балканот и во време кога е во “заладени односи“ со Западот.

На Русија не и се допаѓа тоа што Црна Гора неодамна влезе во НАТО, откако Москва беше обвинета дека ја попречувала земјата во своите напори за влез во Алијансата.

Според наводите, Патрушев по влезот на Црна Гора во НАТО, веднаш остварил средби со највисоките претставници на Србија. Иако според официјалните изјави, посетата на Белград од страна на Патрушев била протоколарна, неговата позиција постојано расте.

Тој подоцна се сретнал со српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, а експертот Гаљоти тврди дека негова најнова задача е Балканот.

„Последнава година јасно е дека задачата на Патрушев е Балканот. Тоа говори за тоа колку е важен Балканот или колку важен ќе стане“, вели аналитичарот.

Во својата анализа „Политико“ не ги изостава документите објавени од OCCRP и НОВА кои сугерираа дека руски дипломати се вмешани и во Македонија за да го зајакнат рускиот наратив во Скопје.

Според Јелена Гускова, професор во Москва, Србија е стратегиски најважна за Русија, и Москва ќе преземе сериозни мерки доколку НАТО одлучи да се проширува на Балканот, бидејќи според Патрушев, НАТО се обидува да ги интегрира Македонија и Босна и Херцеговина по Црна Гора.

Владимир Путин Македонија Москва НАТО Николај Патрушев Србија стратегија Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.