Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русите одлучија: Кокшаров ќе селектира, Самсоненко ќе координира

0
By Нова ТВ on July 13, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 13, 2017 17:11

Носителот на злато од СП 1997 и од Игрите во Сиднеј во 2000 година, Едуард Кокшаров, е назначен за нов селектор на машката ракометна репрезентација на Русија. Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, пак, за координатор на машките селекции на „зборнаја“, но и за потпретседател на руската федерација. Ова се одлуки што беа донесени на денешната седница на Федерацијата во Олимпискиот комитет на Русија.

„Едуард прерасна во ракометен специјалист. Со успех ја извршува функцијата спортски директор во Вардар и во кариерата има освоено многу титули. Беше дел и од шампионската генерација на Игрите во Сиднеј. Му посакувам успех во работата и со националниот тим“, изјави Сергеј Шишкарев, претседател на ракометната федерација на Русија (ФГР).

Кокшаров ја започна ракометната кариера во тимот на СКИФ од Краснодар од каде во направи трансфер во Целје во сезоната 1999/00. Играше на позицијата лево крило и покрај двете најсјајни одличја на репрезентативен план има и на клупски со словенечкиот клуб во Лигата на шампиони во 2004 година. Освои и бронза на Олимпијадата во Атина во 2004 година и сребро на ЕП 2000 и на СП 1999. На два мундијала (2001 година, 2003 година) и на едно ЕП (2004 година) беше избран во идеалниот тим. Со Целје подигна осум шампионски трофеи во првенството на Словенија и пет во Купот.

Сергеј Самсоненко доби две функции за наредниот период. Потпретседателска во Федерацијата и кооординативна во руските машки селекции. Целта е дополнителен развој на ракометната игра на сите возрасни нивоа во земјата и пласман на А тимот на олимписките игри во Токио во 2020 година.

„Во минатата сезона дојдоа до полн израз неговите способности како ракометен менаџер и двете негови екипи постигнаа големи резултати. Машката на Вардар ја освои Лигата на шампиони, женската играше финале во елитното натпреварување. Долг период меѓусебно се „меркавме“, контактиравме и оставивме простор да видиме дали има „хемија“ во нашите односи и дали ќе може со здружени сили да работиме за доброто на рускиот ракомет. Сергеј Самсоненко ја прифати понудата што е од големо значење за нас. Задоволството е огромно што така талентиран раководител, со такви успеси во Европа ќе работи со нас“, додаде првиот човек на ФГР.

Едуард Кокшаров ракомет Русија Сергеј Самсоненко Федерација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.