Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пјонгјанг: Америка е на дофат на нашето нуклеарно оружје

1
By Нова ТВ on July 29, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 29, 2017 09:06

Северна Кореја синоќа лансираше нова интерконтинентална нуклеарна ракета (ИЦБМ), која прелетала 998 километри пред да падне во јапонскиот ексклузивен економски појас.

Северно-корејскиот диктатор Ким Јонг-Ун изјави дека овој последен тест ја става целата американска територија на дофат на ракетите на Пјонгјан, објави КЦНА официјалната агенција на Северна Кореја. Тој додаде дека со овој тест се покажал капацитетот на земјата да лансира ракета “било каде и било кога”.

Агенцијата пишува дека “лидерот  гордо изјави дека тестот потврдува дека и територијата на САД е на дофат на ракетите”. Според агенцијата станува збор за подобрена верзија на Хвасонг-14 ИЦБМ која минува 998 км во 47 минути на надморска височина 3.724 метри.

Портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис изјави дека ракета била лансирана од локацијата Мупјонг ни, фабрика за оружје на северот на Северна Кореја, и дека паднала на 167 километри од јапонскиот остров Хокаидо.

„Ова лансирање беше очекувано. Нашата определба со нашите сојузници, вклучувајќи ги Република Кореја и Јапонија, пред овие закани останува цврста. Спремни се да се браниме самите и нашите сојузници од какви било напади или провокации“, изјави Дејвис.

Американскиот претседател изјави дека овој тест е “опасна акција која уште повеќе ќе ја изолира Северна Кореја”.

“Заканувајќи му се на светот со своето оружје и тестовите уште повеќе ќе ја изолира Северна Кореја, ќе ја ослабне нејзината економија и ќе го осиромаши нејзиното население”, вели Трамп.

Тој додава дека “САД ќе преземат неопходни мерки за да се осигура безбедноста на националната териториј и за заштита на нашите сојузници во регионот”.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги обвини Кина и Русија кои носат, рече тој, “специјална и уникатна одговорност” во влошувањето на заканата од Северна Кореја.

“Ова е фларгрантно кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на Обединетите Нации”, вели Тилерсон.

Кина е единствениот сојузник на Пјонгјанг а Пекинг, како и секогаш, денес побара воздржување од сите вовлечени страни во оваа криза.

Рускиот претседател Путин бара од меѓународната заедница “да не ја губи ладнокрвноста” пред покажувањето на моќ на северно-корејскиот режим.

 

Првиот тест со ваква ракета беше направен на 4 јули.

 

 

Доналд Трамп интерконтинентална нуклеарна ракета Ким Јонг-ун Кина Пентагон Русија САД Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.