НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алиоски: Не е важно кој ќе погоди, важно е Македонија да победи

0
By Нова ТВ on August 29, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вториот работен ден со фудбалската репрезентација на Македонија за септемвриските дуели во квалификациите за Светското првенство во 2018 година почна со главоболки за селекторот Игор Ангеловски. Принуден беше да упати дополнителен повик што го адресира до Мите Цикарски на местото на Ферхан Хасани. Капитенот на Шкендија го пропушта гостувањето во Израел во сабота и мечот со Албанија на 5 септември во Струмица поради повреда што била констатирана и од лекарскиот тим во националниот тим, па изборот за замена падна на играчот на кипарски Етникос.

Сите останати кои се најдоа на првичниот список на Ангеловски се тука и без проблеми ги извршуваат поставените задачи на тренинзите. Она што го посакуваат се добри подготовки овие денови во Скопје и повеќе среќа во Хаифа среде викендот.

„Нема да биде лесно што, пак, не значи дека трите бода не се наша цел. Младите фудбалери и даваат нова енергија и свежина на оваа репрезентација која несомнено поседува квалитет. Важно е да одиграме добро, да дадеме максимум, а најважно е Македонија да победи и сеедно е притоа кој би постигнал гол“, коментира Езџан Алиоски кој на асистенцијата во мечот со Сандерленд во англискиот Чемпионшип надоврза и погодок против Нотингем Форест во саботата.

Стефан Спировски, кој оваа недела стана член на Ференцварош, се надева на добро издание на Македонија во седмиот настап во циклусот за мундијалот во Русија и среќата да биде сојузник на стадионот „Сами Офер“ во сабота од 20,45 часот.

„Само да ја пренесеме формата и ефикасноста од клупски план на репрезентативен. Ако успееме ќе биде од големо значење за нас. Убеден сум дека секој што ќе настапи викендот ќе возврати со максимално залагање, борбеност и пожртвуваност. Се надевам на позитивен резултат. Одиме чекор по чекор, фокусирани сме на Израел, а по него ќе размислуваме на Албанија“, вели Спировски.

Македонија е претпоследна во групата Г со три бода од шест натпревари. Покрај претстојните дуели со Израел и Албанија, репрезентативците ги очекуваат уште два до крајот на квалификациите. На 6 октомври ќе гостуваат на Италија во Торино, три дена подоцна, во последното коло, ќе бидат домаќини на Лихтенштајн.

Израел квалификации за СП 2018 Македонија Подготовки репрезентација фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.